ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Учениците, родителите и наставниците во очекување како и кога ќе почне учебната година

August 14, 2020 08:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како и кога ќе почне учебната година? Родителите, учениците и наставниците сѐ уште чекаат да се изјаснат Министерството за образование и здравствените експерти.

Фактот дека сѐ зависи од епидемиолошката состојба и ситуацијата со пандемијата ги прави состојбите неизвесни.

И додека се чека на конечната одлука, Елбан Исмаилоски од Долненското село Житоше дојде во Прилеп на своето прваче да му купи ранец за на училиште. Смета дека првачињата, со ригорозни протоколи, треба да седнат во училницата зашто е незаменлива.

– Сметаме дека децата треба да одат на училиште и да си учат. Нека дадат протоколи како што треба за децата. Ако нема да биде часот 45 минути, нека е 30 минути, битно е да биде во интерес на децата и за убаво, вели таткото Исмаилоски.

И прилепчанката Матилда Дупјачанец сака да го прати првачето во училишната клупа и покрај стравувањата од пандемијата и потребата за заштита.

– Училишната настава не може да ја замени домашната. Се надевам дека Министерството и Комисијата за заразни болести ќе најдат оптимално решение. Факт е дека тешко може да се контролира децата да не контактираат блиску, да се запазат мерките за заштита кај малите деца. Тие не ги сфаќаат ситуациите. Ама очекувам дека ќе се најде решение, дали на двапати, на трипати, да се поделат одделенијата, но училиштето е првото сознание, најмногу за првачињата, вели Дупјачанец.

Средношколците веќе имаат искуство од пролетната настава на далечина. Имаше проблеми, особено со платформите, тоа треба да се отстрани овој период, но за да се стигне, според најавата, до комбинирана настава потребни се многу расчистувања на ситуациите. Особено што најбитно е, според Унијата на средношколците, училиштата мора да бидат подготвени за сите протоколи за да ги отворат вратите на училиштата. Сашо Здравески, претседател на училишниот парламент при прилепската гимназија „Мирче Ацев“, нагласува дека наставата на далечина не даде одговор за тестирањата на учениците.

-Оваа година ни е потребна програма и, пред сѐ, ни се потребни обучени професори кои ќе се снајдат со програмата за настава на далечина. Во меѓувреме, тоа поделување по групи и комбинираното, се надевам дека ќе биде доволно безбедно за да не се појави ново жариште и младината да не предизвикува ново жариште, вели Здравески.

Наставничката Наташа Мирческа која води одделенија до петто, со искуството од пролетната настава од далечина, смета дека сѐ уште немаат ниту наставна програма, ниту план за работа. А без чисти и подготвени училишта не може да се седне во училишните клупи.

-Не секој од нас, наставниците, умее да работи со електронските алатки кои треба да ни донесат благодат. За жал, овој период не го искористивме да ја подобриме ситуацијата. Ако, и само ако, се исчистат и се оспособат училиштата за работа во здравствено, одлични, хигиенски услвои. Инаку, ништо нема да направиме, смета наставничката Мирческа.

Со непознаницата се „борат“ и триесетина ученици во Прилеп, вклучени во дуалното образование. А без практичната настава, која воопшто и не се спровела досега, овој вид образование нема смисла.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Родителите и раководствата на училиштата во Њујорк и Вашингтон избраа онлајн настава

НАЈНОВО

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

October 11, 2025

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk