ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска со демант за повлекувањето средства од „Еуростандард“: Единствено точно во информациите е дека сум имала депозит во банката

Вистината е дека пред стапување на функцијата – Министер за финансии – овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија, образложи министерката.

August 16, 2020 11:38
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска ги демантираше информациите кои се пласираа во врска со повлекување на нејзините средства од „Еуростандард банка“, која е ставена во стечај, нагласувајќи дека не е точна ни сумата која се наведува во текстовите.

– Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во „Евростандард банка“, истакна Ангеловска.

Таа посочи дека целосно е неточна информацијата дека нејзините средства ги префрлила во други банки или дека ги повлекла.

– Вистината е дека пред стапување на функцијата – Министер за финансии – овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија, образложи министерката.

Таа потсети дека во периодот кога го купила споменатиот стан, исто така во јавноста биле пласирани тендендциозни и неточни информации дека наводно не го пријавила станот во Антикорупциска комисија, што, како што истакна, не е точно.

– Истиот беше уредно пријавен, согласно законските прописи и рокови, што беше потврдено и од страна на Антикорупциската комисија, наведе министерката.

Таа потенцираше дека Министерството за финансии нема надлежности над основањето и работењето на банките, ниту дава, ниту одзема дозвола за работење на банка. Единствено Народната банка, како независно регулаторно и супервизорско тело, има надлежност во доменот на работењето на банките што значи надзорот, супервизијата, изрекувањето мерки, издавањето и одземање дозволи за банките ги врши исклучиво и самостојно Народната банка.

– Сакам да нагласам дека пласирањето на неточни и тенденциозни информации во јавноста, го оценувам како обид за дефокусирање на јавноста, преку мое дискредитирање и нарушување на мојот углед. Цврсто сум убедена дека и овојпат јавноста ќе ги препознае фактите, пред лажните вести што се пласираат со цел да се креира погрешна перцепција, заклучи Ангеловска./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk