ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

August 17, 2020 19:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 21.910.746 лица. Од нив починале 774.727, а оздравеле 14.629.583.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 150 нови случаи Ковид-19, а починаа двајца, со што бројот на заразени се зголеми на 7.222 лица, а на починати на 230 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 12 нови случаи на Ковид-19 од 3.588 направени тестови, со што бројот на заболени се зголеми на 1.351 лице.

– Во Косово во изминатите 24 часа се евидентирани девет нови починати лица кај кои било потврдено присуството на новиот коронавирус. Со ова, бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 се искачи на 410. Во истиот период се регистрирани и 129 нови случаи на заразени (вкупно 11,545 од појавата на епидемијата) и 152 излекувани, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 7.343. Активни случаи во земјата се 3.792. Вчера се извршени 449, а од појавата на заразата вкупно 44.433 тестирања.

– Во изминатите 24 часа во Црна Гора регистрирани се 50 новозаболени лица со што вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 се искачи на 4.085. Регистрирани се и три смртни случаи, а 76 пациенти оздравеле.

– Во Србија во изминатото деноноќие регистрирани се сто новозаболени лица со Ковид-19 и три смртни случаи. Тестирани се 7.352 луѓе, а вкупно од почетокот на епидемијата се тестирале 811.920 лица.

– Во Романија за еден ден регистрирани се 733 новозаболени лица и 38 починати. Од почетокот на пандемијата во Романија од последици од новиот коронавирус починаа 3.029 луѓе, а вкупниот број на заразени лица се искачи на 71.194.

– Во Хрватска во изминатите 24 часа регистрирани се 85 нови случаи, со што бројот на активни случаи се искачи на 1.236. од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на зараза во земјата до денеска регистрирани се 6.656 лица, од кои 5.254 луѓе оздравеле, а починале 166 лица.

– Во Словенија потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број се искачи на 2.429 луѓе, од кои 248 се се уште активни.

– Во Бугарија во изминатите 24 часа пријавени се 32 новозаболени лица, а тројца починаа. Од почетокот на пандемијата се инфицирале 14.365 луѓе, а починале 498 лица.

– Во Австрија во изминатото деноноќие регистрирани се 164 новозаболени лица. Седми ден по ред бројот на инфицирани е троцифрен. Во моментот во Австрија има 2.040 активни сличаи, од кои 114 се хоспитализирани, а 23 се на интензивна нега.

– Во Русија со новиот коронавирус за еден ден се инфицирале 4.892 луѓе, со што вкупниот број на заразени изнесува 927.745 лица. Во изминатите 24 часа починаа 55 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 15.740.

– САД се најпогодена земја од пандемијата, каде во изминатите 24 часа се регистрирани 6.843 новозаболени лица и 59 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во САД се регистрирани 5.573.475 заразени и 173.187 починати.

– Бразил е на второ место во светот по вкупниот број на заразени лица – 3.343.925 и по бројот на смртни случаи – 108.054. Во изминатото деноноќие во земјата регисстрирани се 3.728 новозаболени лица и 175 починати./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Протест на медицинските сестри во Бугарија

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk