Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19.
Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 127.196 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.840, бројката на оздравени пациенти е 9.361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.932.