ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Газета експрес“: Членови на Алијансата за Албанците ќе формираат „Самоопределување“ во Македонија

August 17, 2020 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку поддржувачи на Алијансата за Албанците (АА) ќе ја реализираат идејата на лидерот на донеодамна владејачката партија во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти за проширување на тој политички субјект и во Северна Македонија, тврди приштинскиот портал „Газета експрес“.

Според порталот, лицето кое ќе ги започне активностите за формирање на ВВ во Северна Македонија е професорот и политички аналитичар Арсим Синани, а меѓу иницијаторите се споменува и Беким Ќоку, некогашен пратеник на Демократската партија на Албанците (ДПА), а сега член на АА на Зијадин Сеља.

ВВ има свој огранок во Албанија, а најавата дека ќе се шири и во Северна Македонија, на собирот на 12 јуни во центарот на косовскиот главен град по повод 21-годишнината од ослободувањето на земјата и 15-годишнината од основањето на партијата, ја објави нејзиниот лидер Курти.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, доскорешниот косовски премиер пред неколку илјади поддржувачи, порача дека „ВВ ги освои срцата на сите Албанци“ и дека „Самоопределување ќе има и во Албанија, во Северна Македонија, во дијаспората и насекаде“.

Во првичните реакции на таа најава, Демократската унија за интеграција порача дека „политичката сцена во земјава е отворена, но гласот на Албанците и онака е доста расцепкан и нивното доаѓање ќе го расцепка уште повеќе“. Од Движењето Беса изјавија дека немаат информации за таква иницијатива, но оти е „сечие легитимно и демократско право да се натпреварува на избори“. Партијата на Села, која самиот Курти лично ја поддржа на последните парламентарни избори во земјава, повикувајќи ги Албанците да гласаат за неа, тогаш ширењето на ВВ го оцени како „добра вест“и му посака добредојде во Северна Македонија. /МИА/

Next Post

Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk