ФИЛИПЧЕ: Регистрирани се 103 нови случаи на коронавирус и 187 оздравени пациенти.
ШИЛЕГОВ го разреши директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ.
МИНИСТЕРСТВОТО за здравство соопшти дека согласно епидемиолошката состојба со Ковид-19 во државата, веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и интервенции во септември.
НБ: Се преземаат мерки за побрзо обесштетување на депонентите и доверителите од „Еуростандард“.
ПАРАЛЕЛНО со реконструкцијата на објектот наменет за планинарски дом на Пониква се гради пешачко-велосипедската патека што ги поврзува новиот мотел и круната на брана Гратче.
ТРИ неактивирани рачни бомби од Првата светска војна се пронајдени вчера во близина на фудбалското игралиште во битолското село Долно Оризари.
БУГАРСКИОТ премиер Бојко Борисов изјави денеска дека по барањето за свикување на седница на Големото национално собрание и промена на уставот, треба да се преземе следниот чекор.
ГЕРМАНИЈА соопшти дека е подготвена да поддржи проширување на санкциите на ЕУ против водечките фигури во Белорусија поради нивните крвави акции врз демонстрантите.
ЛИДЕРИТЕ на ЕУ ќе одржат итен видео состанок в среда на кој ќе се разговара за состојбата околу кризата во Белорусија, каде протестите се интензивираат против спорниот реизбор на претседателот Александар Лукашенко.
– ОД вонредниот онлајн самит, што ќе се одржи в среда, лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе упатат порака за солидарност со демонстрантите во Белорусија, објавија дел од западните медиуми.
ГЕРМАНСКИОТ претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја повика армијата во Белорусија да не биде насилна кон демонстрантите кои протестираат против, како што рече, лажираните претседателски избори.
ПОРАНЕШНИОТ шпански крал Хуан Карлос од 3 август престојува во Обединети Арапски Емирати, изјави денеска портпаролот на кралското семејство.
ГЕРМАНСКИТЕ антимонополски власти покренаа истрага за односот на компанијата Амазон кон трети трговски фирми, кои продаваат стоки и услуги преку сајтот на американскиот гигант во е-трговијата.
САД денеска најавија заострување на санкциите кон кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј, проширувајќи ги на 38 филијали со цел да му го ограничи пристапот до американските технологии, соопшти американското Министерство за трговија.
И ПО ТОЧНО 25 години од своето прво прикажување, филмот „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects) сѐ уште важи за приказна со можеби највпечатливиот и најлегендарен пресврт во историјата на седмата уметност.
А. Н. С.