Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата.
За разрешувањето објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил.
Почитувани,
дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција.
Posted by Петре Шилегов on Monday, August 17, 2020
Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.