ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Нов протокол за ослободување од изолација, нема да бидат потребни контролни тестирања

Контролен тест за евиденција нема да се прави, заради тоа што опсежните анализи укажуваат на тоа дека детектираните вируси во контролните брисеви апсолутно не можат да предизвикаат инфекција, истакна Филипче

August 18, 2020 19:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме и нов протокол за ослободување од изолација на пациентите, при што повеќе нема да бидат потребни контролни тестирања. Новиот протокол се темели на опсежни анализи на истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, понатаму на препораката на Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

По објавените препораки веќе на крајот на мај, посочи, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и според анализите, досегашните сознанија укажуваат на фактот дека кај пациенти кај кои има дијагностициран SARS COV 2 вирус, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, кај истите не е присутен вијабилен односно репликативно компетентен вирус, што може да е доволно силен за да предизвика зараза после 10 дена кај асимптоматските пациенти, односно 20 дена кај пациентите кои имаат симптоми, односно 10 дена или 20 дена после позитивниот тест.

– Имајќи го предвид ова искуство на МАНУ, кое е идентично на бројните сознанија и испитувања и публикации од соодветните стручни часописи во литературата дека кај пациентите во фаза на рековалесценција може да се детектира дел од еден ген на вирусот и тоа во подолг временски период некогаш и период од два месеца, а понекогаш интермитентна детекција, а тоа се нашите понекогаш позитивни контролни тестови, но тие вируси не може да предизвикаат докажано инфекција, рече Филипче.

Тој потенцира дека според тоа мислење на МАНУ и препораката од СЗО и Европскиот центар за контрола и превенција на болести, предвидуваат ослободување од изолација на позитивните пациенти без контролни тестирања. Согласно новиот протокол, појасни министерот, позитивниот тест преку лабораториите стигнува во центрите за јавно здравје и во системот МојТермин понатаму се дистрибуира до матичните лекари.

– Тие ќе имаат обврска, што и сега го прават за електронско следење на пациентите секојдневно, притоа укажуваат дали пациентот има или нема симптоми и доколку нема односно пациентот е асимптоматски, десеттиот ден автоматски се генерира извештај за завршетокот на изолација односно 20 дена кај пациентите кои имале симптоми. Контролен тест за евиденција нема да се прави, заради тоа што опсежните анализи укажуваат на тоа дека детектираните вируси во контролните брисеви апсолутно не можат да предизвикаат инфекција, истакна Филипче на заедничката прес-конференција со министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Филипче додаде дека претходните пораки кои досега важеа кај нас и во многу други земји во светот за два негативни теста беа базирани на искуствата од САРС и МЕРС вирусите, поради тоа што овој вирус сѐ уште беше непознат додека најновите препораки ги земаат предвид сознанијата генерирани во последните шест месеци од оваа пандемија./МИА/

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковид-19 во светот: Бројот на досега заразени надмина 22 милиони

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk