ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ГОВОР НА ОМРАЗА

На фотографијата не е грчки, туку германски војник кој нишани врз жена и дете од Украина (1942)

August 18, 2020 10:16
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Слика од екран од македонски профил на Фејсбук. Дезинформација: Грчки војник  убива мајка и дете Македонци од егејскиот дел од Македонија

Слика од екран од македонски профил на Фејсбук. Дезинформација: Грчки војник убива мајка и дете Македонци од егејскиот дел од Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

На социјалната мрежа „Фејсбук“ беше постирана фотографија со краток опис во којшто неточно се тврди дека:

Грчки војник убива мајка и дете Македонци во Егејскиот дел на Македонија.

Оваа фотографија воопшто не е снимена во Егејскиот дел на Македонија (Северна Грција) и не станува збор за грчки војник, пишува Вистиномер.

Ова би претпоставувало дека овој настан се случил во текот на Граѓанската војна во Грција во периодот 1946-49 година, после која дел од етничкото македонско население било раселено низ земјите на Источна Европа и поранешниот Советски сојуз. Но, со мало пребарување на Интернет може да се види дека фотографијата е, всушност, направена во 1942 година во Укранина и на неа е прикажан германски војник од Втората светска војна, кој со пушка нишани во жена, која, пак, со своето тело се обидува да заштити дете кое го носи во своите пазуви.

Како што може да се види на „Википедија“, ова е, всушност, скратената верзија од една поголема фотографија на која се претставени нацистички војници како убиваат повеќе еврејски цивили во Иванхород (Ивангород) Украина.

Еве ја целосната фотографија во која нацистичките мобилни единици за егзекуција (Einsatzgruppen) вршат погубување на Евреи во Украина во Втората светска војна. Извор: Википедија

Идентитетот на фотографот не е познат, ама според наведеното, се смета дека најверојатно бил германски војник, имајќи предвид дека многу од нацистите ги фотографирале злосторствата во кои биле соучесници. Инаку, оваа страница на Википедија содржи редица извори, вкупно 10, кои го потврдуваат истото, меѓу кои и истражување направено од страна на угледниот германски неделник „Шпигел“ од 1964 година.

Но, ова не е сѐ. Истото објаснување за потеклото на оваа фотографија се појавува и при пребарување на Гугл со наредбата „Search Google for Image“. Со користењето на оваа наредба фотографијата се појавува дури 328 пати, односно на дури 328 различни страници и во оние кои содржат објаснување за она што се случува на фотографијата тоа е идентично со она од Википедија – дека станува збор за нацистички војник кој нишани во жена на територијата на Украина во текот на Втората светска војна.

Во самиот опис на фотографијата објавена на „Википедија“ пишува дека е прикажано „погубување на Евреи во Иваногород во Украина од страна на специјалните единици за убивање на германската војска.“ Исто така, посочено е дека фотографијата била испратена од Источниот фронт во Германија, но припадник на полското движење на отпорот, кој собирал документација за нацистичките воени злосторства, ја „запленил“ (пресретнал) во поштата во Варшава. Оригиналниот примерок го чувале Тадеуш Мазур и Јержи Томашевски, а сега се наоѓа во Историскиот архив во Варшава. Оригиналниот германски натпис на задната страна на фотографијата гласи: „Украина 1942, Еврејска акција [Операција], Ивангород“.

Во  60-тите години на минатиот век се тврдело дека сликата е комунистички фалсификат, но тоа тврдење е отфрлено. Оттогаш, фотографијата се користи во книги, музеи и изложби кои се однесуваат на Холокаустот.

Но, сепак наспроти тоа што го говорат фактите, оваа невистинита објава на Фејсбук предизвика големо внимание и лавина коментари, како и повеќе споделувања. До моментот кога е пишуван овој текст, постот е споделен 222 пати, а меѓу коментарите може да се прочитаат и такви кои содржат говор на омраза:

Све да им е..м ц..анска, а и на нашите продадени души што трчаат кај нив!!!

Па, дури има и клетви:

Gospod da im vrati za najmiloto

Сето ова покажува дека основниот статус користи говор на омраза кон Грција и Грците, манипулирајќи фотографија која немаа врска со ни со таа земја, ни со луѓето кои живеат во неа. Но, во коментарите, пак, како резултат на ваквиот статус и манипулацијата со фотографијата се шири и говор на омраза кон Ромите со користење на погрдниот термин („цигани“), за потоа тоа истото да се направи и кон Македонците кои одат на летување кај јужниот сосед. Во коментарите, исто така, има и закани со насилство поттикнати од ваквиот манипулативен статус.

Интересно е што има и такви коментари кои се обидуваат да делуваат отрезнувачки  врз „зовриените глави“, кои користат говор на омраза па укажуваат дека се работи за фотографија од Украина од 1942 година, но, за жал, безуспешно – лавината покрената од невистинитата објава веќе зела замав.

 

Next Post

Заев и Ахмети на средба во Клубот на пратеници во 14 часот

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk