СДСM за ЦИВИЛ Медиа: Сѐ е шпекулација додека не се постигне договор.
Почна средбата меѓу Заев и Ахмети за конечен договор за владина коалиција.
– Заев и Ахмети разговараат за конечен договор за владина коалиција.
Заев: Постигнат е договор со ДУИ, следат укинување на Пржинска влада и измени во изборниот модел, нема веќе министри без ресори.
Заев е премиер со полн мандат, 100 дена пред следните избори премиер на предлог на ДУИ.
Нови 130 случаи на Ковид-19, 152 оздравени и двајца починати.
Филипче: Состојбата со епидемијата на Ковид-19 во државава е стабилна.
– Интензивно се подготвуваме за есенските месеци, кога состојбата со Ковид-19 може да се комплицира.
Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка.
Учебната година ќе почне онлајн, освен за децата од прво до трето одделение и за училиштата со помалку ученици.
Царовска, Бертолини и Богоев во посета на спортско адреналинскиот парк во Карпош.
Поради прекршување на колективниот договор СКРМ и СОНК со опомена за тужба до Министерството за култура.
Кривична пријава за лице осомничено за криумчарење 12 мигранти.
ОБСЕ ги објави 11-те добитници на мали грантови за поддршка во време на КОВИД-19.
Училишната година во Словенија почнува на 1 септември со физичко присуство.
Член на Ливерпул заразен со корона за време на подготовките во Австрија.
А. Н. С.