ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневна состојба со Ковид-19 во светот

August 19, 2020 20:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 22.418.292 лица. Од нив починале 786.671, а оздравеле 15.132.395 луѓе.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 217 нови случаи на Ковид-19 и дополнителни три смртни случаи. Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 7.684, а починаа вкупно 235 лица.

– Во изминатите 24 часа на Кипар е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19 во споредба со изминатите денови. Од 3.372 направени тестови, позитивни се 26 лица, од кои 11 случаи се од анализираните примероци во прифатен центар за мигранти. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 1.385 случаи.

– Во Косово во изминатите 24 часа се евидентирани девет нови починати лица кај кои било потврдено присуството на новиот коронавирус. Со ова, бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 се искачи на 425. Во истиот период се регистрирани и 162 нови случаи на заразени (вкупно 11,848 од појавата на епидемијата) и 122 излекувани, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 7.684. Активни случаи во земјата се 3.739. Вчера се извршени 470 а од појавата на заразата вкупно 45.397 тестирања.

– Во Србија за еден ден потврдени се 158 нови случаи со што од почетокот на епидемијата досега се инфицирале 20.048 луѓе. Во изминатите 24 часа починаа три лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 684.

– Во Хрватска во изминатите 24 часа со пријавени 219 случаи, што е нов рекорд на новозаболени со Ковид-19, а две лица починаа. Од почетокот на епидемијата во Хрватска со новиот коронавирус се иинфицирале 7.074 луѓе, од кои 168 починале, а оздравеле 5.386 лица.

– Во Босна и Херцеговина за еден ден регистрирани се 12 смртни случаи од последици од Ковид-19, со што вкупниот број на починати се искачи на 504. Во изминатите 24 часа регистрирани се 304 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 16.602 луѓе.

– Во Црна Гора во изминатите 24 часа пријавени се 42 новозаболени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани изнесува 4.174. Од почетокот на јуни во земјата нема смртен случај, а од почетокот на епидемијата починале 80 луѓе.

– Во Шпанија за еден ден забележени се 3.715 новозаболени, што е нов дневен рекорд по намалувањето на рестриктивните мерки кон крајот на јуни. Исто така регистрирани се 6.671 оздравени со што вкупниот број се искачи на 370.867 луѓе.

– САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се11.011 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5.666.985, од кои од кои 175.490починале, а оздравеле 3.013.595 луѓе.

– По САД следи Бразил со вкупно 3.418.306 инфицирани лица и 110.171 починати.

– На трето место е Индија, каде во изминатите 24 часа регистирани се 56.452 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.823.078 луѓе, од кои 53.838 починале, а оздравеле 2.083.198 лица./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ахмети: Се оствари сонот за прв премиер Албанец

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk