ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Земањето брис од носот не може да ја пробие мозочната бариера

August 19, 2020 10:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На Фејсбук се појави статус со линкувано видео кои дезинформираат, тврдејќи дека тестирањето за Ковид-19 е причина за појава на симптоми кај асимптоматичните лица, објави Вистиномер. Ваквата дезинформација веќе неколку недели кружи на оваа социјална мрежа на разни јазици и веќе е раскринкана од партнерските сервиси за проверка на факти низ светот. Но, таа сега се појави и на македонски јазик и еве што се вели во оваа неточна содржина:

„Со вметнување на стапче за БРИС во носот намерата е да се пробие крвно-мозочната бариера на мозокот, за да може секој микроб да навлезе низ тие скршени крвни садови во организмот!!! Ова е причината зошто многу асимптоматични лица почнуваат да имаат симптоми по тестот. (Dott. Roberto Petrella)“

Ова е краткиот текст ставен во најавата на овој пост, со линк до Јутјуб видео во кое се појаснува напишаното. Линкот од Јутјуб е, всушност, подолга изјава од споменатиот италијански доктор, кој е специјалист по гинекологија и акушерство и кој е познат по изјави дека многу официјални тврдења за корона вирусот и за Ковид-19 биле лага.

Постот, во моментот на оценката, има околу 200 споделувања и околу 70 коментари. Иако се чини нелогично, тврдењето во постот го проверивме со неколку лекари, кои ни појасниja дека таквото тврдење е лага, односно дека практично е невозможно со мек предмет да се случи такво оштетување, дури и ако се насочи предметот (стапчето за земање брис) во погрешна насока.

Доктор Александар Стојанов, в.д. директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести изјави дека станува збор за глупост која може да биде опасна.

„Земањето брис од нос нема апсолутно никаква врска со било какво пробивање на мозочната бариера кај човекот. Јавноста да не слуша и чита секакви тврдења кои не се на ниеден начин научно и медицински поткрепени. Очигледно, оној кој го тврди ова, сака да ги доведе луѓето во заблуда и очигледно нема основни познавања од анатомија. На крај ќе излезе дека мозокот преку носот им го вадиме на пациентите. Брис се зема од нос и од грло и нема тука никакво оштетување на ништо. (…) Луѓето како да се порасположени да читаат сѐ друго, само не медицинска наука. Немојте да верувате во сѐ што некој кажува и бидете внимателни, ве молам“ – порачува епидемиологот Стојанов.

„Вистиномер“ контактираше и со други специјалисти по микробиологија, неврохирургија и оториноларингологија, кои, иако не зборуваа официјално, дел од нив беа децедни дека такво нешто е апсолутно невозможно.

Ваква невистина не е новост во светот, иако за прв пат се појавува на профили на социјалните мрежи во земјава. Слични варијанта веќе е разобличена од Би-Би-Си, од „Ју-Ес-Еј Тудеј“, од агенцијата Асошијејтед Прес и од други медиуми, кои се наведени како поврзани објаснувачки текстови на оваа тема, зашто еден Фејсбук статус од 6-ти јули, прегледан од милиони корисници, е лажно тврдење.

Лекарите во дел од овие проверки на факти, вклучувајќи го и овој на „Вистиномер“, тврдат дека при земањето брис стапчето во носот оди во пределот каде се спојуваат носот и грлото, т.е. во назофаринксот и дека главната потешкотија е единствено неудобноста на пациентот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk