Били Ајлиш вчеравечер настапи на Националната демократска конвенција, но ја искористи приликата и да ги охрабри своите фанови да гласаат, не штедејќи на критики кон претседателот Трамп, објави Cosmopolitan.
A message from Billie.
Register to vote: https://t.co/5zf6pwhmzo pic.twitter.com/zW5YvlgBSd— billie eilish (@billieeilish) August 20, 2020
Не ви требам јас да ви кажувам дека работата е хаотична, вели Били. Доналд Трамп ја уништува нашата држава и сѐ што ни е важно. Ни требаат лидери кои ќе ги решаваат проблемите со климатските промени и Ковид, а не да ги негираат истите. Лидери кои ќе се борат против системскиот расизам и нееднаквоста, а тоа започнува со гласање за некој кој ја разбира опасноста, некој кој гради тим со исти вредности како нашите. Сѐ започнува со гласање против Доналд Трамп, а за Џо Бајден, вели Ајлиш.
Таа додаде дека „Молчењето не е опција, и не можеме да седиме мирни додека ова се случува“, додавајќи дека „сите мораме да гласаме како животите да ни зависат од тоа, бидејќи и така е. Единствен начин да си ја осигураме иднината, е сами да ја создадеме“.
Во духот на погоре кажаното, Ајлиш на конвенцијата промовираше и нова песна, насловена „Future“ (Идина).