ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

ЕСМ: Се истражуваат причините за несреќата во која загина работникот во Суводол

August 20, 2020 16:42
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со трагичниот настан во рудникот за јаглен Суводол, во кој животот го загуби работник Вецко Костадиновски, извршувајќи ги редовните работни задачи, денеска итен состанок во РЕК Битола одржаа Управниот одбор на АД ЕСМ и стручниот колегиум на РЕК Битола за утврдување на околностите и преземање на сите потребни мерки по несреќниот случај.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во изјава за медиумите изрази длабоко сочувство до семејството на починатиот.

-Загубивме чесен и вреден работник, често наградуван, кој беше пример и беше секогаш на ниво на своите задолженија. Како компанија ќе преземеме се да му помогнеме на семејството и неговите најблиски во овие најтешки моменти за нив и ќе бидеме тука и во иднина, рече Ковачевски.

Според него, Управниот одвор утринава ја прекина седницата која ја одржуваше во Скопје и веднаш дојде во РЕК Битола на итен состанок.

-Тука се сите директори и заедно со директорот и стручниот колегиум на РЕК Битола сме тука за на лице место да ги видиме сите околности. Првите согледувања се дека се почитувале сите протоколи и прописи за заштита при работа, но ќе се формира комисија која ќе го истражи настанот и ќе се земат предвид сите околности. Тоа што е познато е дека несреќата е настаната во ноќните часови на третата смена, односно околу 2 часот изутрината. При несреќата немало други присутни работници, настанот е случен во движење, на место оддалечено од другите работни позиции и тоа уште повеќе ни отежнува во овој момент за да дознаеме која е вистинската причина за оваа трагедија. Извршен е увид од сите надлежни државни служби и очекуваме да бидеме известени за утврденото и од нивна страна, истакна Ковачевски.

Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, нагласи дека РЕК Битола денес загуби чесен и вреден работник.

-Во трагичен настан во Рудникот Суводол изгубивме колега кој бил дел од комбинатот од 2012 година, пред неколку години унапреден во ракувач на градежна машина, прва група и награден за навремено и квалитетно извршување на работните задачи во јуни годинава. Во името на Комбинатот изразувам длабоко сочувство до семејството и блиските на покојниот. РЕК Битола и АД ЕСМ ќе ја дадат сета можна поддршка на семејството, иако сме свесни дека ништо нема да го надомести изгубениот живот. Од досегашните сознанија, утвредено е дека булдозерот кој го управувал работникот Вецко Костадиновски се превртел во провалија во Рудникот Суводол, додека извршувал редовна работна задача – поместување на транспортна лента за јаловина, рече Ќурчиевски.

Трагичниот настан се случил во ноќните часови, во текот на третата смена.

-Според првичните сознанија, биле запазени сите мерки за безбедност и заштита на работникот, согласно сите прописи. Што се однесува до булдозерот, истиот бил во исправна состојба и со извршен редовен сервис во март оваа година. Полиција, истражен судија и обвинител, извршија увид на лице место, по што ќе бидат утврдени околностите во кои се случи несреќата. Телото на покојниот е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Имајќи предвид дека Рудникот Суводол неодамна беше погоден од елементарна непогода, сакам да додадам дека несреќата не е директно поврзана со санационите активности што таму се изведуваат. Уште еднаш, изразувам длабоко сочувство до семејството на починатиот колега, изјави директорот Ќурчиевски. /МИА/

Next Post

Седница за избор на Џафери за претседател на Собранието нема да се одржи денеска

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk