Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19.
Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 132.493 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.888.