ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани

August 20, 2020 12:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината за Ковид-19, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“.

Посочува дека имаат два механизми во овој момент за набавка, едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација.

– Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител. Земјите – членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина „Астра зенека”. Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Дефинитивно, со два механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно. Вакцината од Оксфорд во земјава ќе стигне преку партнерство и соработка со Полска и ќе биде бесплатна, истакнува Филипче.

Тој ја оценува како стабилна состојбата со пандемијата со Ковид-19 во земјава, поради тоа што не се оптоварени болничките капацитети и поради тоа што неколку недели по ред, процентот на новозаразени е околу 7 проценти. Сепак, здравствениот систем, потенцира, стратешки се подготвува за евентуално лоши есенски сценарија иницирани од комбинацијата на пациенти со грип и на оние со ковид, а можни се и рестриктивни мерки во одредени региони доколку тоа е потребно.

– До крајот на октомври ќе бидат готови и 16 модуларни болници, таканаречени „ковид центри” ширум земјата, во непосредна близина на актуелните болнички капацитети, вели Филипче.

Според него,  свеста за значењето на вакцините е подигната, особено по минатогодишната епидемија со морбили.

– Мислам дека апсолутно нема да има отпор, така како што имало во минатото, зашто болеста е тука, свесни сме и за нејзината тешка форма кај некои пациенти и нема да има отпор кај граѓаните тогаш кога вакцината ќе биде достапна. Ова е вирус кој ги напаѓа сите органи и нема правило. Поголем ризик имаат пациентите со хронична болест. Осумдесет проценти од починатите кај нас се со хронично заболување но, имаше и помлади луѓе без хронична болест, а имаа тешка форма на болеста. Дел од пациентите кои имаа тешка форма на болеста доцна доаѓаа во болница што ги намалува шансите лекарствата да имаат ефект, зашто се во поодмината фаза на болеста. Имаше пациенти кои се јавуваа во болница со врзување на крвта од 20 проценти, а нормално е 96 проценти и тие завршуваа со смртен исход. Тие што доаѓаа со 60 до 80 проценти сатурација, имаа ефект. За исходот на лекувањето важно е пациентите навремено да се јавуваат во болниците, вели Филипче.

Во врска со тоа дали ќе има некаков финансиски надоместок и подигнување на платите на вработените во болницата „8 Септември” која се трансформираше во ковид центар, министерот посочува дека работат на обезбедување средства во Фондот за здравствено осигурување за луѓето кои директно работат со овие пациенти да добијат зголемување на сумата за дежурства, бидејќи сега оваа сума е помала од онаа што ја земаат колегите на Клиниката за инфективни болести, каде работат со истата група пациенти.

– Имавме неколку средби со претставници на синдикатот и со директорот на болницата и за многу кратко време тие ќе земаат за 50 проценти повисок надоместок од сегашниот, за дежурства, истакнува Филипче.

Тој нагласува дека продолжуваат со инвестиции во платите на здравствените работници, со реновирање на здравствените установи и со инвестицијата во клиничкиот центар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се чека одлука за почетокот на учебната година и појаснување за родителите за изборот на настава

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk