Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе преку објава на Фејсбук го демантира вчерашното тврдење на советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова дека заедно со сега веќе разрешениот директор на Улици и Патишта – Скопје, Смаиловиќ, бил претресуван и Галетановски.
– Еве дека сака да биде актуелна госпоѓица Ирена јавно ќе ѝ одговорам дека дрско лаже, дека МВР не крие ништо и дека нит сум бил таму, нит ме претресле некаде.
Воедно ќе ѝ порачам дека ако не ми се извини јавно ќе добие тужба за клевета и нарушување на углед.
Госпоѓице Ирена, имате нови 4 години за да се докажете кај новото раководство на ДПМНЕ, така да пробајте се во глумата, сигурен сум дека покрај другите способности ве бива и за тоа. Ѓ. Галетановски-в.д директор на Зоо Скопје, стои во демантот на Галетановски за изјавата на Попова.
А. Н. С.