ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Планското труење со опасни отрови“ од авионите нема поткрепа во реалноста

August 20, 2020 19:07
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот сервис за проверка на фактите istinomer.rs одговара на тврдењето на Никола Сандуловиќ, претседател на Републиканската партија во Србија, за наводно прскање од авиони. Сандуловиќ изнесува тврдења за „планско труење и тивко убивање“ на граѓаните на Србија, како и на останатите жители на планетава, кое наводно се спроведува од авиони што испуштаат „опасни отрови“ во атмосферата, пренесува Мета.мк.

Според Сандуловиќ, ваквиот злостор заеднички го спроведувале германската канцеларка Ангела Меркел и српскиот претседател Александар Вучиќ. Притоа, овој спорен пост приложува и „доказен материјал“ во форма на „оригинални фотографии“. Анализата на српскиот сервис за проверка на фактите утврдила дека фотографиите се извлечени од контекстот и вметнати во теорија на заговор што е присутна уште од деведесетите години на минатиот век.

Станува збор за шпекулацијата за „кемтрејлс“ (Chemtrails), која што тврди дека влади, некои партии и разни други фактори во некоја држава се ангажирани во тајна програма за распрскување отровни хемикалии во атмосферата со помош на авиони. Според заговорниците, долготрајните траги на небото што остануваат по прелетувањето на некои авиони се исполнети од хемикалии, што кога ќе паднат на земјата, ќе го намалуваат животниот век на луѓето, ќе вршат нивна стерилизација, контрола на умот, како и контрола на метеоролошките прилики.

Според универзитетот Харвард од САД, кој ја проучувал оваа заговорничка теорија, засега нема цврсти докази дека е така како што велат нејзините поборници. Дополнително, тоа што истиномер.рс го утврдил е дека фотографиите објавени од Сандуловиќ се користени многу пати за промовирање теории на заговор на интернет. Tаа теза е разоткривана многу пати досега, а со неа речиси една деценија наназад се занимава британскиот истрaжувач Мик Вест – metabunk.org.

Како што објаснува тој, кружат фотографии што наводно покажуваат „кемтрејл-авион“, но всушност станува збор за прототипи на летала што се опремени со резервоари за баласт, но и некои фотографии се од внатрешноста на авиони за гаснење пожар. Бочвите, односно резервоарите за баласт, се користат за симулирање на тежината на патниците при тестирањето на разни летечки својства на леталото, но не и за резервоари за прскање со цел нанесување голема директна штета на луѓето, пишува српскиот сервис за проверка на фактите.

Next Post

Уапсен поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk