За мојот најдобар другар
Ја тој ден ги обавував своите вообичаени активности, кога изненадно во мојот видокруг приметив еден објект…непознат, кој блештеше…уствари ја мењаше бојата…уствари беше жолт…имаше зеленкаста боја…повремено. Тогаш изнендно приметив дека јас стојам у место и дека нозете не ми мрдаат. А ја знам дека мора да мрдаат затоа што одев накај мојот другар и се повеќе му се доближував. Меѓутоа нозете ми мируваа а тој објект пролета уште неколку пати покрај мене. Ја не ја губев присебноста у ниеден момент, пробав да ги мрдам нозете и тоа не ми поѓаше од рака. Изненадно тој објект, што блештеше, зелен уствари…црвен беше…тој зеленкаст објект кога се изгуби од видокругот, нозете сами почнаа да чекорат.
Потоа почувствував силен удар во задната страна на главата… валјда затоа што сум го видел тој зелен… црвенкаст објект, ама ја не застанав, затоа што сакав да се поздравам со мојот најдобар другар.
Некои викаа “Бегај има пиштол” ама јас добро знам дека мојот другар нема пиштол. Најверојатно, некој излегол од тој зеленкаст објект… црвен… блештеше… и ме удрил на шала и избегал.
Јас сум сега супер. Имам 25 конци на главата, ама и онака ќе се шиев. Така да, приказни дека мојот другар, најдобар другар ме удирал со пиштол се извадени од контекст.
Фејсбук пост на Владимир Кочовски