Министерот Филипче на својот ФБ профил известува дека до сега 10.052 пациенти се оздравени од ковид-19.
– Тоа се наши деца, родители, пријатели, баби и дедовци. Тоа се личности кои се вратија на секојдневните животни активности, вели Филипче.
Тој потенцира дека изминативе неколку недели бележиме зголемување на бројката на оздравени лица од коронавирус, а се намалува и бројот на активни.
– Само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца, и редовно да ги миеме рацете. Нема ништо поважно од здравјето и човечкиот живот, потенцира Филипче