Богородичен концерт со изведба на музика од музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах во петок (28 август) и настап на брас состав во сабота (29 август) ќе го одбележат концертниот викенд во демирхисарското село Бабино.
На концертот кој е најавен за петок во 18 часот во Амфитеатарот на Библиотеката „АЛ-БИ“, ќе настапи Софија Никоска, виолинистка од кралската музичка школа “Reina Sofia” во Мадрид со изведба на музика од Бах.
На саботниот концерт, исто така во Амфитеатарот на Библиотека „АЛ-БИ”, со почеток во 18:00 часот, ќе настапи составот Брассет – Скопје.