ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Л’Екип: Француско – германски фудбалски самит

August 23, 2020 17:29
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот француски печат опширно се задржува на француско-германското финале меѓу ПСЖ и Баерн-Минхен во Лигата на шампионите, поради кое вечерва авенијата Шанзелизе ќе биде резервирана само за пешаците, јави дописникот на МИА.

Францускиот печат зборува за „француско-германски самит“, тоа е насловот на спортскиот весник „Л’Екип“, кој насловот го придружува со фотомонтажа на која Килијан Мбапе и Mануел Нојер се држат рака за рака, како Митеран и Кол во 1984 или Макрон и Меркел во 2018.

Разбирливо е што финалето на Лигата на шампионите се најде на насловните страници на францускиот печат. Вечерва ПСЖ и Баерн од Минхен играат за европскиот трофеј во Лисабон. Но читајќи ги француските весници, изгледа дека станува збор за нешто повеќе од дуел меѓу два градови, два локални клубови, две претпријатија раководени од бизнисмени милјардери, се добива впечаток како да станува збор за државна афера.

Зошто? Бидејќи клубот од Баварија е фаворит, објаснува „Л’Екип“, фаворит во овој дел од Европа кој сака ништо да не се менува.

Видено од овој агол, победата на ПСЖ ќе биде огромна за парискиот клуб кој годинава слави 50 години од основањето, за францускиот фудбал, за францускиот спорт.

„Журнал ди диманш“, зборува за чекор на Историјата, „Индепендант Каталан“ зборува за состанок со историјата. За „Депеш ди миди“ тоа е сон за европски трофеј, за „Паризиен“, уште поедноставно станува збор за Франција која сонува.

„Паризиен“ на 11 страници ги пренесува мислењата на најпознатите навивачи на ПСЖ, кои повеќе од Париз ја бранат Франција. Тука е градоначалничката на Париз, Ан Идалго, министерот Адријан Таке, отецот Анастас, Големиот Рабин на Франција, потоа пејачот Енрико Масијас, џудоката Теди Ринер, скоро цела Франција со нетрпение го очекува финалето. Никој не знае дали ПСЖ ќе победи, но неизвеснота може да биде извор на задоволство и среќа, пишува „Паризиен“. Што во моментов со епидемијата на Ковид-19 е ретко, како што е ретко и финалето на ПСЖ со Бајерн Минхен.

Од другата страна на Рајна, финалето во германскиот печат се наоѓа во внатрешните страници, бидејќи за германците, Баерн во финале е „баналност“.

Поради финалето, авенијата Шанзелизе вечерва ќе биде резервирана само за пешаците, поради финалето на Лигата на шампионите. Оваа исклучителна „мерка“ е во принцип резервиран за вечерните часови на 31 декември.

Во вторникот, прославите околу квалификациите на ПСЖ во финалето беа на места преточени во сцени на насилство. Затоа за вечерва се мобилизирани 3000 полицајци и жандарми околу Паркот на принцовите и околу Елисејските полиња. Овие безбедносни мерки се насочени исто така и за спроведување на мерката за носење маска, бидејќи бројот на дневни случаи откриени со „Ковид-19“ продолжува да се зголемува во Франција.

Ултрасите на ПСЖ веќе развија огромни пароли пред најпознатите париски споменици за да ги поддржат своите миленици.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамповото намалување на глобалната хуманитарна помош ризикува предизвикување 14 милиони дополнителни смртни случаи до 2030 година

July 1, 2025

„Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

July 1, 2025

Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk