ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Образованието во фокусот на првата неформална средба на ИДУЕП

August 24, 2020 13:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Образованието со сите аспекти беше во фокусот на денешната прва неформална заедничка средба, што ја организираше Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Потпретседателот на СДСМ и поранешен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изјави дека ние сме пред голем предизвик во справување со здравствената криза, не само во образованието, туку и во функционирањето на сите институции, како во Собранието, каде мора да се предвиди нов начин на работа, протоколи и начин на одлучување…

Во придобивките од дигитализација, Манчевски посочи дека сме едни од лидерите во Европа и имаме електронски регистар на население, а следниот предизвик, како што рече, е да се користи од сите институции и да не бараат од луѓето разни документи, физички.

Во однос на образовниот процес, Манчевски потсети дека Владата веќе ги објави плановите дека наставата ќе одвива онлајн со исклучок на децата од прво до трето одделение и има одредени други исклучоци.

– Предвидени се сите ситуации. Платформата која ќе се користи за онлајн настава е подготвена и не е проблем. Од аспект на опрема и опременост на ученици и наставниците, тоа е проблемот кој во моментов се решава, рече Манчевски. Објасни дека наставниците треба да одат на своите работни места, во училиштата, и на истиот начин на кој ја вршат својата работа, сега ќе ја вршат преку камера, а остатокот е начин на комуникација, размена на документи. Нашето ниво на подготвеност, како што рече, е прилично слично и со останатите европски и светски земји.

Одговарајќи на новинарско прашање, Манчевски рече дека работат на механизам со кој ќе се обезбеди и уред за следење на наставата за оние деца што немаат, примарно за децата од социјално загрозени семејства. Најави дека ќе има такво решение. За децата од руралните средини, повтори дека според протоколите, секаде каде што има услови ќе се изведува настава, онаму каде има физички услови за тоа.

Пратеникот во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски смета дека доста сме назад во процесите кои подразбираат инвестиции во технолошка инфраструктура, инвестиции во знаења и вештини поврзани со дигитализацијата и уште многу треба да се направи во земјава за да се достигнат барем некои основни стандарди.

– Најголем предизвик е што ќе се случува со образовниот процес. На една недела од почетокот на учебната година, блиску сме на почеток на академската година, а се уште нема направено конкретен план и стратегија како ќе изгледаат тие процеси. Инвестицијата во дигитализацијата требаше да се случува во периодот кој помина, а  не сега ад хок да се решаваат проблемите, рече Муцунски. Додаде дека ќе требаат многу идеи и инвестиции во следниот период за младите да имаат квалитетен наставен процес.

Според него, Владата треба да ги слушне критиките и предлозите и да се изгради соодветна стратегија како напред. – Во оваа ситуцаија во која се наоѓаме во моментов, постои огромен ризик ние да имаме дебакл во нашиот образовен систем за една недела, веќе од денеска, рече Муцунски.

Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП изјави дека Манчевски и Муцунски како политичари во претходната кампања успеаја и ја ставија дигитализацијата високо на агендата како тема која, како што рече, е многу важна за граѓаните и сите не засега. Според него, за време на коронавирусот сите увидовме кои се предностите да се учи, да се студира, да се работи од дома, да се вршат услуги од дома…

– Во ера на коронавирус многу важно е да шириме два други позитивни вируса, едниот е позитивна политичка комуникација која ќе се базира на дебата и разлики, пред се дебата на аргументи. Втората работата е посветување на приоритетите и фокусот на сите граѓани, а една од нив е токму дигитализацијата, рече Кордалов.

Одговарајќи на новинарско прашање, Кордалов рече дека ќе ги остави надлежните да се произнесат за онлајн наставата. Според него, доцниме со дигитализацијата на образованието и тешка е борбата која ги чека институициите во оваа сфера. Изрази надеж дека ќе има успешен и квалитетен образовен процес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Банките предвреме ќе ја исплатат августовската пензија, пензиите достапни од 26 август

НАЈНОВО

Експлозијата во Тенеси однесе најмалку 16 животи – истрагата сè уште трае

October 12, 2025
Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk