МАНЧЕВСКИ: Најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт.
СО презентација на материјални докази продолжува судењето за „ТНТ“.
ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност, но потребно е доуредување на категоријата судир на интереси во сите прописи.
ЗАЕВ: Предлогот за новата влада, откако ќе се изберат потпретседателите на Собранието и пратениците од листите на местото на тие што ќе бидат министри.
ОБРАЗОВАНИЕТО во фокусот на првата неформална средба на ИДУЕП.
МРЕЖАТА „Сите сити“ бара поддршка од Град Скопје поради зголемените барања помош од социјално загрозените граѓани.
ГРАДСКИТЕ инспектори го бараат виновникот кој фрлал шприцови во контејнер кај салата „Борис Трајковски“.
СОЈУЗОТ на средношколци идниот понеделник со протест ќе бара комбинирана настава.
БАНКИТЕ предвреме ќе ја исплатат августовската пензија, пензиите достапни од 26 август.
НОВИ 78 случаи со Ковид-19, четворица починати, 40 оздравени пациенти.
НЕМА промена на малопродажната цена на бензините и дизелот, РКЕ ја намали цената на екстра лесното.
ДЕБАТА за сексуалното вознемирување и насилство во интернет-просторот во рамките на овогодинешниот „Македокс“.
ДЕСЕТТА ликовна колонија „Љубанци 2020“.
МТСП: Голема Богородица (петок), неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
ВО поплавите во Турција настрадаа шест, а за исчезнати се водат десет лица.
ЗАЈБЕРТ: Германската Влада смета дека е многу веројатно Навални да е отруен.