Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата, објавено е промотивно видео за фестивалот.
„Просторот, растојанието меѓу нас е она што знаеме дека денес нѐ чува безбедни. Но истовремено нѐ лишува и од допирот како насушна потреба за блискост.
Токму затоа, тој простор ќе го исполниме со поезија, која ќе допре до секого, која ќе нѐ допре сите. Просторот, кој ги надминува македонските јазични граници, заземајќи ја англиската форма space, преминува во вселена, во космос, каде гравитацијата небеските тела ги држи во совршен ред и растојание.
Во нашиот простор, таа невидлива сила е поезијата како мост помеѓу Убавината и Смислата што нѐ поврзува како човештво додека стоиме на строго определени и безбедни растојанија.“
Сценариото е на Јаков Попоски, видео продукција на ЗООТРОП студио, а креативно решение и графички дизајн на Огнен Танчески. Музиката во видеото е фрагмент од делото „Toccata and Fugue“ од Ј. С. Бах.
Д. Е.







