Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска го најави свечениот почеток на престојот на SEEBRIG (Бригадата на Југоисточна Европа) во обновената касарна во Куманово. Заедно со Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, нашата земја ќе биде домаќин на SEEBRIG во наредните шест години, а утре ќе биде одбележан почетокот на престојот на бригадата и ќе бидат пуштени во употреба реновираните простории во касарната.
Го скршивме мразот со SEEBRIG како земја домаќин во следните шест години. Вечерва се запознаваме, утре ќе ја одржиме церемонијата за свечен почеток, и за пуштање во употреба на просториите што во кругот на касарната во Куманово ги реновиравме за командата на Бригадата на Југоисточна Европа. За нас е огромна чест што во годината кога бевме примени во НАТО го почнуваме и овој мандат. Заедно во SEEBRIG со Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, напиша на Фејсбук министерката Шекеринска.
Д. Е.