СОБРАНИЕТО ќе го утврдува бројот на потпретседатели, можно е и констатирање оставки на идните министри. Потпретседатели на Собранието се очекува да имаат СДСМ, опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива…
АКТИВНИ 2.995 случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје. По повеќедневниот трицифрен биланс на заразени, вчера беа регистрирани помал број новозаболени 78, но беа направени и помалку тестирања 860. Оздравеле 40, а четири лица починаа. Досега во земјава се направени вкупно 138.325 тестирања. Од почетокот на епидемијата се евидентирани 13.673 позитивни на Ковид-19, излекувани се лица 10.150, а починаа 568.
КРУШЕВО И ВАЛАНДОВО без активни случаи, Скопје и Куманово со најмногу заболени од Ковид-19.
ОД ИДНАТА НЕДЕЛА ќе се исплаќаат депозитите до 30.000 евра од Еуростандард Банка.
ЕДЕН ЗАГИНАТ и четворица повредени во сообраќајка кај Страцин.
ТРИБИНА за иднината на Универзална сала.
НЕСТАБИЛНО време со локален пороен дожд.
САБАЈЕВ: Навални немаше кличничка слика на труење.
ВО БРАЗИЛ за 24 часа, 17.078 заразени со Ковид-19.
ЛАРИ КИНГ првпат се обрати пред јавноста по смртта на синот и ќерката.
ХОРОСКОПСКИ знаци кои секогаш размислуваат позитивно.