Скопските пожарникари доцна синоќа интервенирале во Бутел каде на паркинг за камиони биле опожарени четири товарни возила.
„Интервенција на паркинг за камиони во населбата Бутел. Запалени 4 товарни возила марка „волво“. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и приколки“, известија од скопската противпожарна служба.