ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Вашингтон марш против полициското насилство

Поради актуелната пандемија на Ковид-19, на сите кои доаѓаат им се мери температурата, а се поставени и 200 точки за дезинфекција на раце, а сите учесници мора да носат маски. 

August 28, 2020 22:48
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во американската престолнина денеска се одржува марш, на 57-годишнината од историскиот марш на Вашингтон за борба за работни места и слобода, кога Мартин Лутер Кинг –помладиот, го изрече познатиот слоган „Имам сон“.

Маршот во Вашингтон, на кој се очекува да дојдат над 50 илјади луѓе, е продолжување на неколку месечните протести против насилството на полицијата кон Афрамериканците, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Протестите започнаа со смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина во мај за време на полициско апсење во Минеаполис, Минесота. Неговата смрт стана симбол на многубројните фатални исходи за Афроамериканци  при приведување од полицијата на САД. 

Маршот денеска е наречен „Тргни го коленото од врат“, асоцијација на околностите во кои умре Флојд. 

Неделава се случи уште еден сличен настан, кога полицаец стрелаше во грбот на Џејкоб Блејк, 29- годишен Афроамериканец од Кеноша, Висконсин. Блејк остана парализиран, а настанот предизвика протести во градот со немири и запалени возила и објекти. 

Поради случајот, Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Големата бејзбол лига (МЛБ) објавија дека во знак на протест ги откажуваат следните закажани мечеви од тие лиги.
Настанот во Вашингтон започна на скалите на Меморијалот Линколн, демонстрантите потоа ќе продолжат со марш кон Меморијалот Мартин Лутер Кинг-помладиот.

Како говорници ќе настапат законодавачи и роднини на луѓе кои загинале од полициско насилство. 

Настанот е организиран од Националната  мрежа на активисти како пасторот Ал Шарптон, Мартин Лутер Кинг Трети и други организации, како НААЦП, најстарата организација за човекови права во САД, Федерацијата од Американци од шпанско говорно подрачје, Националната градска лига и други групи за заштита на човековите права. 

Поради актуелната пандемија на Ковид-19, на сите кои доаѓаат им се мери температурата, а се поставени и 200 точки за дезинфекција на раце, а сите учесници мора да носат маски. 

Next Post

Филипче во „90 секунди“: Кога би имал магично стапче би направил да исчезне коронавирусот, но и нов Клинички центар

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk