ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Нови сознанија на „Врбјанска чука“: Импресивни артефакти од средновековието и од животот во неолитот

August 29, 2020 16:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Завршија истражувањата на археолошкиот локалитет „Врбјанска чука„ кај Славеј во Пелагонија. „Врбјанска чука“ е значаен локалитет кој ги открива артефактите за животот од праисторијата со траги од антиката и средновековието.

Ова е петта година во која Центарот за истражување на предисторијата, приелпскиот Завод и музеј и Институтот за старословенска култура од Прилеп, заедно со повеќе европски институции, работат на овој локалитет, проучувајќи ги материјалната култура, архитектурата, стопанството, обредите и природната околина карактеристични за неолитот, доцната антика и за средниот век.

Добивме импресивни резултати за средновековните ритуали на погребувања и за неолитската култура, нагласуваат истражувачите. Според археологот Гоце Наумов од Центарот за истражувања на предисторијата од Скопје, во неколку неолитски градби се регистрираа структури во кои се обработувале житарици, а се откриени  и неколку гробни целини од средновековни погребувања.

Годинашниве истражувања беа концентрирани на ритуалните форми карактеристични за средновековни погребувања, како и на подоцнежните архитектонски фази во рамките на неолитската населба. Како резултат на тоа, се регистрираа уникатни средновековни фунерарни контексти и специфични елементи на најдоцнежните неолитски градби во населбата. Се добија импресивни резултати за средновековните ритуали на погребување и на неолитската архитектура. Во неколку неолитски градби се регистрираа структури во кои се обработувале житарици, како и вкопани канали кои се користеле како основа на ѕидовите. Што се однесува до материјалната култура, покрај бројните остатоци од репрезентативна грнчарија и алатки, се открија нови форми на жртвеници, а како посебно ексклузивитет, треба да се истакне еден керамичен диск на кого има врежани линии во форма на спирала, меѓу кои се присутни точки со убоди. Средновковните погребувања беа детално истражувани, а може да се издвојат неколку гробни целини под кои биле поставувани намерно кршени парчиња керамиди и камења. Посебно се истакнува и положувањето на отсечен череп на дното од мошне длабока јама за чување жито, а кој бил раздвоен на два дела и внимателно поставен на дното, објаснува Наумов.

Сите откритија детално ќе се проучуваат и ќе е споредуваат со резултатите добиени од претхоните археолошки кампањи. Паралелно, се обработува археолошкиот материјал што овозможува темелен увид во животот на средновековното население и неолитските популации кои живееле и биле активни на оваа тумба. Се земаат примероци за археоботанички, микроморфолошки, геолошки и радиокарбон анализи.

-На тој начин се добија темелни податоци за различните етапи на функционирањето на овој локалитет, а кои ќе бидат публикувани во неколку македонски и светски научни списанија. Во тој контекст, неодамна беше објавен труд во реномираното списание „Антиквити“ од Кембриџ, а во фаза на печатење е обемен труд во престижното германско списание „Прехисторише Цајтшрифт“. Во овие трудови се сумирани сознанијата од повеќегодишното мултидисциплинарно проучување на археолошките контексти и органските остатоци од неолитските градби во „Врбјанска Чука“, што врвно го презентира и го афирмира овој локалитет на меѓународно ниво, вели Наумов.

Годинава теренското истражување се финализираа со екслузивен настан. Имено, на локалитетот синоќа се одржа концерт на Антоние, еден од ретките македонски соло вибрафонисти, кој подготви специјална програма. Концертот е ретка прилика за да се создаде синестезија меѓу локалитетот и авторската музика на Антоние, со што се спојуваат древниот предисториски амбиент и звучните илустрации./МИА/

Next Post

Поради најавениот протест, утре изменет сообраќаен режим во Скопје

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk