Свесен сум за важноста на политичкиот миг, свесен сум за моментот и контекстот денес во државата, свесен сум и за мојата лична позиција во општеството која не е нешто особено голема, но сепак нуди некоја рефлексија и нуди некаков глас. А тој „критичен глас“ вели: „одмори не’ од тој Заев“.
И јас сакам да одморам од Заев, ама тој човек мене не ми дава мир. Имено, погледајте што вели во денешното експозе во Собранието на Република Северна Македонија:
„Имаше моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на тест. Покажавме дека можеме да живееме заедно. Тоа се европските вредности на кои граѓаните на РСМ се искрено посветени“;
Погледајте уште што ни вели тој, „бесрамен“ премиер: „Доаѓа време на ред правда и дисциплина, време на почитувње на правосудството и неселективно владеење на правото. Судиите за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите од СЈО, кои со години лутаат во судските лавиринти, мора да добијат разрешница“.
Понатаму ни вели: „амбициозна временска рамка за отворање и затворање на преговарачката поглавја со ЕУ и најави дека ќе ги охрабри домашните компании да учествуваат на пазарот на тендери на НАТО во вредност од 4 милијарди евра“.
Погледајте го што ни вели „бесрамниот“ премиер: „Ќе се зголемуваат казните за тие што ќе ја загадуваат нашата заедничка животна средина, за да има гаранција дека тоа што ќе го исчистиме денес, утре нема повторно да го загадиме“.
Како да го критикуваш, за што да го критикуваш? Ја сврте политичката парадигма за 180 степени, создава толеранција, покажува реална грижа и покажува државотворност за сите етнички и ранливи категории на граѓани, не дели – помирува; не предизвикува тензии – повикува на дијалог.
Добар ни е овој и ваков Заев. Кажаа за него и многу поголеми критичари од мене кои живеат и егзистираат на цела бивша Југославија, кажаа луѓе кои егзистираат на маргините, и кажаа луѓе кои припаѓаат во сферата на критиката и културната теорија; опасни, реномирани имиња рекоа, мене ми рекоа лично (глупаво е да лицитирам со имиња): „знаеш, добар ви е тој Заев“, притоа, ниедно од тие имиња нема никаква директна или индиректна корист од него.
Така што, да, добар ни е овој и ваков Заев. И треба да направиме се’ добар да ни остане, ако ме разбирате што сакам да ви кажам.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ