ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровски: ДПМНЕ се рекламира во медиуми кои шират лажни вести, Мицкоски „го користи политичкото подземје за да си го сочувува тронот“

August 29, 2020 14:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Низата победи на ВМРО-ДПМНЕ завршија со доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на партијата. Денеска се формира вторпат влада на Зоран Заев кој најголема благодарност му должи на Мицкоски којшто е претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оцени денеска на прес-конференција Филип Петровски еден од иницијаторите за вонреден конгрес во најголемата опозициска партија.

-Доколку беше малку помудар Христијан Мицкоски, Заев немаше вторпат да биде мандатар и да состави влада. Па сепак со Мицкоски на чело на партијата како шпицен кандидат ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори коишто се зад нас промаши празен гол. Денес во Собранието се избира влада. За жал, таа влада не е онаа влада за која што Извршниот и Централниот комитет го овласти Мицкоски да ја состави, туку се бира влада на Заев, рече Петровски.

Ова, дополни тој, е уште еден од низата порази коишто ги претрпе Мицкоски и денеска ја губи последната битка, односно ја губи битката за состав на владата.

– Доста е веќе за порази со порази на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и членството на нашата партија знае како се победува. Ние победувавме дури 10 пати во низа до само пред извесно време. Таа низа е прекината од доаѓањето на Мицкоски на чело на партијата. Ние сметаме дека мора да има одговорност. Одговорноста ќе дојде со повикување од наша страна за вонреден конгрес – утврдување на последиците, односно зошто се загубени изборите и избор на ново раководство и претседател. Вистински и единствен пат да се застане на оваа низа на порази која што ја нижи Мицкоски е свикување на вонреден конгрес, порача Петровски.

Како што рече, не треба да се прават ментални акробации и јазички конструкции дека никој не побарал свикување формално на вонреден конгрес.

-Ние сме тука, го правиме тоа постојано, меѓутоа и ќе потсетиме дека и од Груевски и од Љупчо Георгиевски никој формално не побара конгрес, туку имаа доблест да си ја понесат одговорноста и да дадат оставка по загубените избори, додаде Петровски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека „за време на кампањата ВМРО-ДПМНЕ се рекламирала во медиуми коишто се под нивна контрола за што биле платени околу 277 илјади евра и дека тоа се воглавно медиуми коишто шират лажни вести, медиуми коишто немаат читаност, меѓутоа служат за пропаганда и со таквите медиуми тие формираат една слика дека ова било победа“.

-Никој од членовите на ВМРО-ДПМНЕ не може никаде да види победа и време е да се престане со овој начин на третирање на јавноста и посебно на членството на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Петровски.

Тој ги осуди и заканите до членовите на иницијативниот одбор, рече дека и тој има постојано закани но дека не ги смета за сериозни

– Битангите и политичкото подземје, односно криминалците коишто се ставени во служба на одржување на политичкиот поредок на партиите се само една алатка која што за жал во Македонија многу се користат. Она што е добро е што нашата иницијатива веќе ја извести јавноста, за сите настани се известени органите за одржување на ред и мир. Се она што понатаму ќе се случи, каква било закана, ние ќе поднесеме пријава и исто така ги известивме сите релевантни домашни и странски институции коишто се занимаваат со човекови права, како и амбасадите, информираше Петровски

Петровски го осуди насилството врз жените, бидејќи, како што рече, Весна Дамчевска Илиевска од иницијативниот одбор во два наврати е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ беше брутално малтретирана од осуденици кои биле долги години во затвор. Тој го повика Мицкоски јавно да се огради од, како што рече, користењето на политичкото подземје во сочувување на неговиот трон./МИА/

 

Next Post

Во крводарителски акции за празникот Пресвета Богородица собрани 233 крвни единици

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk