ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден поддржан од дури 81 нобеловец: Нашите лидери треба да донесуваат одлуки засновани на факти и наука

Лауреатите, добитници на Нобеловата награда за хемија, медицина и физика, ја истакнаа важноста на тоа избраните лидери да донесуваат одлуки засновани на наука, особено за време на глобална пандемија, јави Си Ен Ен.

September 2, 2020 14:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Осумдесет и еден добитник на Нобелова награда дадоа поддршка  за демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џо Бајден, во денешното отворено писмо, наведувајќи ја „подготвеноста на поранешниот потпретседател да ги сослуша експертите“ и неговата „длабока посветеност за користење на науката за наоѓање решенија“.

Лауреатите, добитници на Нобеловата награда за хемија, медицина и физика, ја истакнаа важноста на тоа избраните лидери да донесуваат одлуки засновани на наука, особено за време на глобална пандемија, јави Си Ен Ен.

„Во ниту еден момент од историјата на нашата нација немало поголема потреба нашите лидери да ја ценат вредноста на науката во формулирањето на јавната политика“, се вели во писмото. „За време на неговиот долг стаж во јавната служба, Џо Бајден постојано ја покажува својата подготвеност да ги сослуша експертите, неговото разбирање за вредноста на меѓународната соработка во истражувањето и неговото почитување на придонесот што имигрантите го даваат во интелектуалниот живот на нашата земја“, оценуваат нобеловците.

„Повеќекратните кризи со кои се соочува нашата земја, вклучително и кризата во однос на дезинформациите, бараат водач со длабока почит кон науката и вистината“, рече Роџер Корнберг, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2006 година. „Јас ја поддржувам про-научната агенда на Џо Бајден и разумен пристап кон одлуките за јавно здравје. Вистински лидер кој ќе се соочи со вистината и ќе биде искрен со американскиот народ“.

„Сега повеќе од кога било, на нашата земја и требаат избрани лидери кои донесуваат одлуки засновани на наука“, вели Елизабет Блекбурн, добитничката на Нобеловата награда за медицина во 2009 година. „Џо Бајден е силниот, сочувствителен водач кој ни треба за да се избориме со пандемијата на Ковид-19. Тој ќе ја слуша научната и медицинската заедница за да дојде до решенија што конечно ќе нѐ извлечат од оваа смртоносна пандемија и ќе го подобрат здравјето на американскиот народ“, оценува таа.

Керол Грејдер, добитничката на Нобеловата награда за медицина во 2009 година, рече: „Нашите избрани лидери треба да донесуваат одлуки засновани на факти и наука. Јас силно го поддржувам Џо Бајден заради неговата посветеност да ги врати професионалците од јавното здравство, а не политичарите, повторно на чело“, се само дел од пораките на 81 добитник на Нобеловата награда кои го поддржуваат демократскиот кандидат./МИА/

Next Post

Филипче: 145 нови случаи на коронавирус и 216 оздравени пациенти

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk