ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Продолжуваме со поддршка на туристичко-угостителскиот сектор и во четвртиот пакет мерки

September 2, 2020 16:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна средба со претставници од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија на која се разговараше за проблемите со кои се соочува секторот туризам и угостителство како резултат на здравствено-економската криза предизвикана од Ковид 19, и мерките кои во иднина ќе се превземат со цел намалување на штетите, соопшти Министерството за економија.

Министерот информираше дека како најпогоден сектор, фокусот на Владата беше насочен токму кон поддршка на туризмот и угостителството за што се донесоа и реализираа неколку мерки во изминатите неколку месеци како што се: субвенции за исплата на минимална плата на работниците, ваучери за поддршка на домашен туризам и субвенции за организирање на конференции, семинари и обуки во домашни туристички капацитети.

-Важноста на овој сектор за Министерството за економија го покажува и фактот што еден од првите работни состаноци во новиот мандат е токму овој состанок со Здружението за туризам и угостителство. Поддршката за овој сектор ќе продолжи и во наредниот период преку Четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка. Мерките ќе се носат со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа на реалните потреби, истакна министерот Бектеши.

Информираше дека досега се искористени над 25 илјади ваучери за поддршка на домашен туризам, а најголем дел од средствата за финансиска поддршка за исплата на минимална плата се искористени токму од туристичко-угостителскиот сектор, што покажува дека во прв момент поддршката била во вистински правец. Во овој момент Министерството за економија и Владата имаат поголема предвидливост за наредниот период и врз таа основа ќе ги креира идните мерки.

Министерот, исто така, информираше дека во програмата на Владата за четиригодишниот мандат е предвидено намалување на ДДВ на ресторантски услуги, што е едно од долгогодишните барања на туристичките работници.

Од Здружението за туризам и угостителство доставија неколку барања кои Министерството за економија ќе ги разгледа во најбрз можен рок, со цел да се дејствува навремено.

Меѓу барањата од Здружението за туризам и угостителство да се продолжи поддршката за придонеси на вработени, и финансиска поддршка за минимална плата до март месец следната година, ослободување на ДДВ за услуги во угостителството во времетраење од една година, да се предвиди ослободување од ДДВ на туристичките услуги кои се извршуваат надвор од Европската унија, и да се поедностави процедурата за субвенции. Меѓу барањата кои што ги достави туристичкиот сектор се и формирање на Гарантен фонд во туризмот, финансиска поддршка за маркетинг активности за дојдовен туризам, зајакната промоција во земјите од регионот и од Европската унија…

На состанокот беше договорено да се организира заедничка Конференција помеѓу Министерството за економија и туристичкиот сектор за одбележување на Денот на туризмот 27 Септември на која главни теми на дискусија ќе бидат актуелната состојба предизвикана од кризата од која ќе произлегуваат предлог мерки за поддршка на секторот како и реформа на туризмот и угостителството во насока на зајакнување на извозната компонента на секторот. 

Next Post

Расте бројот на случаи на чума во Конго

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk