ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заклучоци од втората седница на Владата

September 3, 2020 20:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На денешната втора седница на Владата беа врачени мандатните писма на министрите, донесени се измени и дополнувања на Деловникот за работа кои се однесуваат на прецизирање на надлежностите на Првиот заменик на Претседателот и дадена е согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје за отпочнување на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Северна Македонија, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.

Како  што соопшти владидната прес-служба, по утврдувањето на дневниот ред, премиерот Заев на министрите и министерките им ги предаде мандатните писма со утврдена мисија и задачи во нивниот четиригодишен мандат.
На својата втора седница, членовите на Владата ги прифатија измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата. Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите.
-Предвидено е, Претседателот на Владата да го заменува Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш Претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи, се наведува во соопштението од Владата.

Според дополнувањата,  на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.

Како што се наведува, првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на Претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти Претседателот на Владата.  Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и  замениците на Претседателот на Владата го известуваат Претседателот на Владата за извршување и спроведување на работите.
Измените и дополнувањата се однесуваат и на подготвувањето и доставувањето на  материјалите за разгледување на седниците на Владата, нивното разгледување и процесот на нивно утврдување.
На барање на Собранието на акционери на АД „Пошта на Северна Македонија“, Владата на Република Северна Македонија ѝ даде согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје за отпочнување на постапка на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Република Северна Македонија, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.
На предлог на Министерството за образование и наука, како што се посочува, денеска беа разгледани и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното и средното образование, кои ќе бидат доставени до Собранието. Предложените законски одредби обезбедуваат безбедна училишна средина за сите инволвирани во воспитно-образовниот процес во училиштата како учениците, наставниците и друг ненаставен кадар и родители, преку подготвен кадар за следното: како да се одржува хигиена и дезинфекција, да се организира движењето на учениците, да се распореди  мебелот во училницата за да ја има потребната дистанца помеѓу учениците од најмалку 1,5 метар, организиран надзор од страна на наставниците, стручните соработници и административно-технички кадар, согласно препораките дадени од Министерството за здравство-Комисијата за заразни болести во врска со мерките за превенција и контрола на КОВИД-19, се посочува во соопштението.
На предлог на истото Министерство, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на феријалната практика и практичната настава во средните стручни училишта во учебната 2020/2021 година и ги разгледа и усвои дополнителните исклучоци во наставата од далечина за феријалната практика и учење преку работа кај работодавач и практична настава во стручното образование да се одвива со физичко присуство на учениците. Исто така беа усвоени и Протоколите за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Македонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство, секторот земјоделие, рибарство и ветерина, секторот хемија и технологија и секторот лични услуги со задолжување, Министерството за образование и наука да ги извести средните стручни училишта за реализацијата на феријалната практика и практичната настава, наведува во соопштението владината прес-служба.
Министерството за труд и социјална политика, ја предложи, а Владата ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детски градинки/центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД- 19, со препорака на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или да адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот.  Исто така на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание на деца, се препорачува да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата- КОВИД -19 доколку градинката има потреба за непречено функционирање, се наведува во соопштението.
На денешната седница, Владата ја донесе Одлуката, министерот за финансии Фатмир Бесими да биде именуван за гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој.  Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за именување на гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2019 година.
Next Post

Разгледани Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното и средното образование

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk