ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Подобрувањето на економската соработка со земјите од регионот во фокусот на новата Влада

September 4, 2020 14:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрувањето на економската соработка со земјите од регионот е во фокусот на новата Влада, порача  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната средба во Скопје со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, на која стана збор за досегашната економска соработка помеѓу двете земји, како и за идната соработка, за која се согласија дека има голем потенцијал да расте.

Амбасадорот Ангелов, информираат од Кабинетот на Битиќи, упати честитики кон вицепремиерот за новопреземената должност и изрази очекување дека Република Северна Македонија ќе продолжи со успех по евро-интеграцискиот пат, како и дека соработката помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Република Бугарија, традиционално е помеѓу најдобрите трговски партнери на нашата земја, оваа година позиционирана на петтото место, согласно обемот на трговска размена и додаде дека интензивирањето на соработката мора да продолжи и понатаму, во интерес на двете земји и особено на граѓаните кои живеат во нив.

Заедно со амбасадорот Ангелов се согласија дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се поставени одлични темели за понатамошната економска соработка помеѓу двете земји.

Битиќи потенцираше дека Владата ќе направи максимални напори за забрзување на реализацијата на проектот за изградба на делот од пан-европскиот железничкиот коридор 8, односно пругата Куманово – Деве Баир, како и на експресниот пат Ранковце – Деве Баир, со што значително ќе се подобри поврзаноста меѓу двете земји, а со тоа ќе се подигне квалитетот и безбедноста за транспорт на луѓе и производи.

Новата развојна економија, како еден од главните столбови на програмата на Владата, предвидува иновативна и дигитализирана економија и поддршка на старт ап заедницата. Вицепремиерот Битиќи заедно со амбасадорот Ангелов разговараа за можноста за размена на искуства од страна на Бугарија за време на пристапните преговори со Европската Унија за развој и поддршка на старт ап заедницата во Северна Македонија.

Соработката и комуникацијата помеѓу двете земји останува отворена, бидејќи како што и вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Ангелов се согласија, тие носат подобар живот за граѓаните на двете држави. 

Next Post

Маричиќ – Габер: Академијата за судии и јавни обвинители ќе биде носител на промените во правосудството

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk