Елена Илиевска-Јосифовиќ е судијката која ја донесе условна казна за возачот што усмрти човек и го доведе во опасност животот на мајката и бебето. Таа е „популарна” по тоа што беше спомната во извештајот на Стејт Департментот и ги опструираше предметите на СЈО, стои во статусот.
Во март, 2017 година, СЈО достави до Советот за утврдување на факти претставки за утврдување на одговорност на судиите на Основниот суд Скоје 1, меѓу кои беше и Елена Илиевска-Јосифовиќ. Побарано да се испита работатата на судиите за нестручно и несовесно вршење на судиската функција, соопшти тогаш СЈО.
Во објавените претставки наведено е дека причина за таквото барање за Елена Илиевска Јосифовиќ е дека „таа постапува пристрасно кон предметите кои доаѓаат од нивното обвинителство“, стои во текст на Фактор.