Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју на РСЕ.
Тој вели дека препораката училиштата да започнат со работа од први октомври е поради тоа што во месец септември ќе има доволно настани и случувања што можат да ја влошат епидемиолошката слика и децата во училиште може да бидат уште еден дополнителен фактор.
Министерот Филипче потенцира дека сè уште има мини кластери што се јавуваат од настани на кои луѓето не ги почитуваат превентивните мерки.
„Повторно се собираат, еве ги гледаме младите луѓе во угостителските објекти, на јавните површини, повторно семејни забавни, но има и еден процент од заболените кои кажуваат дека не знаат каде се заразиле“, истакнува Филипче во интервјуто за РСЕ