ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид-19 во светот: Досега се заразиле над 27 милиони, aлармантни бројки во Индија и Бразил

September 6, 2020 19:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 27.206.270. Од нив починале 885.810, а оздравеле 19.291.124 луѓе.

–Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 144 нови случаи на Ковид-19, бројка помала во споредба со изминатите денови, а од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 11.524 лица. Во изминатите 24 часа починаа четири лица, а досега се регистрирани вкупно 284 смртни случаи.

-На Кипар денеска се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 од 2.150 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заболени се зголеми на 1.509 лица.

 – Нови 96 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Бугарија во изминатите 24 часа. Со нив, вкупниот број на заразени надмина 17 илјади. Во болница се лекуваат 755 лица, од кои 57 се во сериозна состојба на одделите за интензивна нега. Бројот на смртни случаи е 6, со што вкупниот број е 671. Во моментов активните случаи се 4.247.

– Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 225 нови случаи на заразени, а во моментов се активни 2.758 случаи. Хоспитализирани се 296 пациенти, а 21 пациент се на респиратор. Едно лице почина во изминатите 24 часа. Од почетокот на пандемијата, 11.964 случаи се потврдени во Хрватска, 198 лица починаа и 9.008 се опоравија.

– Во последните 24 часа се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус во Словенија, исто како и претходниот ден. Од почетокот на пандемијата, во Словенија се заразени 3.165 лица, од кои 514 се активни случаи. Хоспитализирани се 23 пациенти, од кои тројца се на интензивна нега. Во последните 24 часа нема нови смртни случаи, но имало вкупно 135 од почетокот на пандемијата.

– Бројот на смртни случаи од последиците на вирусот во Италија е во пораст, бидејќи Министерството за здравство на земјата вчера пријави уште 16 жртви, пет повеќе од претходниот ден. Со речиси 1.700 нови случаи на коронавирус вчера, бројот на заболени во Италија се искачи на 276.338. Повеќето заболени неодамна беа поврзани со популарни места за одмор, особено оние кои заминаа на одмор во Сардинија. Досега починаа вкупно 35.534 лица.

– Во последните 24 часа, во Украина се регистрирани 2.107 нови случаи, што е за 25,7 проценти помалку од рекордното дневно зголемување на нови инфекции. Од почетокот на пандемијата во Украина, регистрирани се вкупно 135.894 случаи на заразерни, 2.846 смртни случаи, од кои 35 во последните 24 часа. Има 70.821 активен случај.

– Во последните 24 часа во Русија, бројот на смртни случаи е 61, а има 5.195 новозаболени, вкупно 1.0025.505.

– Индија соопшти за 90.632 нови случаи на Ковид-19, што е најголемо зголемување на бројот на нови инфекции за еден ден. Вкупно 4.113.811 лица се заразени во Индија, а 70.626 лица починаа од почетокот на пандемијата. Индија е трета во светот според бројот на заразени со вирусот, по САД и Бразил. Според Министерството за здравство, во Индија моментално има 862.320 активни случаи на заболени со новиот коронавирус.

– Јужна Кореја соопшти дека е забележано најмало зголемување на бројот на новоинфицирани во последните три недели во последните 24 часа и дека четвртиот ден по ред бројот е под 200.  Јужнокорејскиот центар за контрола и превенција на заразни болести соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени 167 нови случаи, со што вкупниот број на потврдени случаи се искачи на 21.177. Борбата против епидемијата на коронавирус е отежната од штрајкот на здравствените работници во кој се вклучени околу 16.000 медицински работници. Тие се спротивставуваат на владиниот план за реформи во здравствениот сектор за подобро реагирање на слични ситуации во иднина. Лекарите-приправници се очекува да се вратат на работа в понеделник.

– Во последните 24 часа, во Бразил се потврдени 30.169 нови случаи на коронавирус, а починале 682 лица, објави Министерството за здравство на таа земја. Според Министерството, Бразил досега регистрирал 4,1 милиони заразени и 126.203 починати. Бразил е на второ место во светот според бројот на пациенти и смртни случаи, по САД.

– Уште 10 случаи на заразени се потврдени во Кина, исто како и претходниот ден, соопштија здравствените власти. Сите нови случаи на инфекција се увезени, така што нема регистрирано ниту еден локален случај на коронавирус во Кина веќе 21 ден. Регистрирани се 17 асимптоматски случаи на инфекција, додека претходниот ден имало осум. Во Кина, потврдени се 85.122 случаи на Ковид-19 од почетокот на епидемијата, а починале 4.634 лица.

– Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во таа земја потврдени се нови 6.319 случаи на коронавирус и дека 475 лица починале. Во Мексико, 629.409 лица се заразени со вирусот, а од почетокот на пандемијата, инфекцијата однесе 67.326 животи. Мексико е на осмото место во светот по бројот на заразени со вирусот и на четврто по бројот на смртни случаи, по САД, Бразил и Индија.

– Во Аргентина се потврдени 9.924 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени е 471.806, објави Министерството за здравство на земјата. Бројот на смртни случаи се зголеми за 117 – на 9.739. Аргентина е на 10-то место во светот според бројот на заразени со вирусот.

– Бројот на случаи со коронавирус во Колумбија е зголемен за 8.394, објави Министерството за здравство и социјална заштита. Вкупно 658.456 лица се заразени во Колумбија. Уште 268 лица починаа за 24 часа, а од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртни случаи е 21.156. Колумбија е на шестото место во светот според бројот на заразени со вирусот./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Статуетка за Горан

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk