По само два дена од потврдата дека е позитивна на Ковод-19 денеска почина 35-годишната Магдалена Темелковска од Ресен. Таа се лекувала дома, а според она што го објави Центарот за јавно здравје Битола на 4 септември кога ѝ е потврден вирусот не дала податок дека имала контакт со претходно потврден случај на Ковод-19. Според наши извори од Ресен, Темелковска се лекувала дома, но во текот на ноќта нагло ѝ се влошила состојбата, па починала рано утрово. Зад себе остави две малолетни деца, пренесе Независен.мк.
Во јуни од компликации од вирусот почина и Илчо Котевски на 40-годишна возраст
Темелковска околу 20 август била на одмор во Струга со ваучер од владата за развој на домашниот туризам, по престојот таму се вратила во Ресен и неколку дена подоцна ги почувствувала првите симптоми.