ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МБА: Потврда дека банкарскиот систем останува стабилен и од Standard & Poor’s

September 7, 2020 12:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s  се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен. Ваквите констатации на оваа меѓународно реномирана агенција  според Македонската банкарска асоцијација, недвосмислено ги потврдуваат веќе изнесените оценки за банкарскиот систем  од МБА, Народната банка и други релевантни институции во нашата земја, како резултат на сите политики и реформи направени во последните две и пол децении.

-Стабилниот банкарски сектор е клучен за финансиската стабилност и е еден од носечките столбови на македонската економија на којшто со целосна доверба можe да се потпре секој граѓанин и секоја компанија. Во таа насока, членките на Македонската Банкарска Асоцијација ја продолжуваат традиционално добрата соработка со Народната банка и сите други релевантни институции, за зачувување и унапредување на стабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем, стабилниот курс на денарот, задоволување на потребите на стопанството и населението за банкарски услуги и справување со предизвиците предизвикани од корона-кризата и во периодот кој следи, наведуваат во соопштение од МБА.

Македонската банкарска асоцијација ја поздравува одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за пристап на Народната банка до девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. Ова големо постигнување за нашата земја, коешто се темели и на оценките на ЕЦБ за работењето на Народната банка и добрите перформанси на банкарскиот сектор, претставува конкретен чекор со многу позитивни ефекти во натамошното интегрирање на нашиот монетарен и финансиски систем во тековите на Европскиот монетарен систем како и големо признание од страна на ЕЦБ  за успешното спроведување на политиките во монетарната и финансиската сфера во нашата земја.

Македонската Банкарска Асоцијација на сите граѓани им го честита Денот на независноста 8-ми Септември со голема верба и надеж за натамошен просперитет на нашиот пат кон полноправно членство во Европското семејство.

Next Post

Враќање на работа на хронично болните, предлог на Комисијата за заразни болести

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk