ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Телефонски разговор Вархеји-Заев во среда

Утре треба да се одржи прв работен состанок помеѓу експертските групи во Советот на ЕУ посветен на проширувањето, на кој ќе се разгледува нацрт рамката.

September 7, 2020 17:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји задутре ќе оствари телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, прв официјален разговор од формирањето на новата Влада, дознава дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија од страна на Европската Комисија.

Повикот ќе биде прилика за двајцата да ја повторат заложбата за засилено реформско темпо кон Европската Унија, со цел одржување на првата меѓувладина конференција пред крајот на оваа година, како што посакува германското претседателство. Првата меѓувладина конференција го означува официјалното отворање на преговорите за членство.

Според нацрт-агендата на германското претседателството, преговорите со Северна Македонија треба да бидат на дневен ред на министрите на ЕУ на ноемврискиот Совет за општи работи, кога конечно би се донела одлуката за отворање на првиот кластер поглавја.

Во меѓувреме, дипломатите на земјите членки на ЕУ работат на експертско ниво на преговарачката рамка за Северна Македонија.

Европската Комисија оваа рамка ја изготви на почетокот на летото и им ја испрати на земјите членки каде треба да биде усвоена, со можни измени, зависно од позициите на секоја од земјите членки. За Северна Македонија е посебно важно да се задржи терминот „македонски јазик“ во оваа рамка, како што е веќе случај во нацрт верзијата.
Утре треба да се одржи прв работен состанок помеѓу експертските групи во Советот на ЕУ посветен на проширувањето, на кој ќе се разгледува нацрт рамката.

Северна Македонија е исто така во исчекување на редовниот извештај за реформскиот напредок, кој треба да биде објавен во првата половина на октомври.

Next Post

Двајца потешко повредени во сообраќајка кај новиот мост на Брегалница во Штип

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk