ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев-Холштајн: Новата евроатлански определена Влада веќе покажува ефикасност и посветеност кон државните и граѓанските приоритет

September 7, 2020 14:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев се сретна со Анке Холштајн, амбасадорка на Сојузна Република Германија во нашата држава.

На средбата e поздравено формирањето на новата Влада по изборите во рамки на законските рокови и е констатирано дека новоформираната Влада веќе покажува ефикасност и посветеност во продолжување на важните државни и граѓански приоритети.

Премиерот Заев упати благодарност до канцеларката Ангела Меркел и до Сојузна Република Германија, како една од најголемите пријателски држави на нашата земја, како и за посветеноста на германското претседателство со ЕУ, кон проширувањето на Унијата.

„Ова е целосно евроатлански определена Влада и ќе продолжиме да работиме во таа насока. Нашата цел е, како што покажавме изминатите три години што значи да се носат лидерски одлуки во насока на решенија на отворени прашања, така во следниот период да покажеме и одговорно работење и функционална правда со тоа што законите ќе важат подеднакво за сите. А ќе продолжиме, како држава, да испорачуваме и европски вредности и да придонесуваме во перцепциите за Западен Балкан, како регион којшто припаѓа на Европа. Постои цврста определба помеѓу сите коалициски партнери во Владата за определбите кон овие вредности и затоа очекувам полн 4-годишен мандат, што ќе овозможи предвидливост на економијата и за граѓаните“, рече премиерот Заев.

На првата средба со германската амбасадорка Холштајн во новиот мандат на премиерот Заев, беше разговарано и за мерките што продолжува да ги презема нашата држава за заштитата на јавното здравје и за предвидената натамошна поддршка на економијата. Беше нагласена важноста на покажаната солидарност помеѓу државите, во надминувањето на предизвиците во светската здравствена криза и во таа насока премиерот Заев се заблагодари на СР Германија и на ЕУ за навремената помош и поддршка на нашата држава во справувањето со последиците од корона кризата.

На состанокот е разговарано и за можностите за уште поголемо унапредување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, како еден од најголемите економски партнери на нашата држава.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Средба Заев-Холштајн - новата Влада веќе покажува ефикасност и посветеност, Битиќи - Владата е отворена за сите конструктивни предлози

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk