ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Активни 2.018 случаи на Ковид-19, препорака за враќање на работа на хронично болните

Според ресорниот министер Венко Филипче, и покрај препораката хронично болните да се вратат на работа, најризичните категории и натаму остануваат заштитени.

September 8, 2020 08:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 37 случаи со Ковид-19 од 484 тестирања беа евидентирани во вчерашната 24 часовна статистика на Министерството за здравство. Починати се шест пациенти, од Скопје (73 г.), Струга (79 г), Гостивар (55 г.), Крива Паланка (63 г.), Делчево (86 г.) и од Кичево (74 г.). Регистрирани се 251 оздравен пациент.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 15.127, бројот на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов има 2.018 активни случаи.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 591, во Куманово 248, во Прилеп 142, во Гостивар 134, во Тетово 125…

Досега во државава се направени вкупно 158.003 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти од кои на кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се две деца и една мајка позитивни на Ковид-19, шест деца и шест мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се шест пациенти. Вкупно хоспитализирани се 27 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Податоците за активни случаи по општини во Скопје  покажуваат дека најмногу има во Аеродром – 102, по штро следат Кисела Вода  и Гази Баба  со по 70, Карпош – 65, Центар – 58, Чаир – 55, Бутел – 37, Ѓорче Петров – 35, Шуто Оризари – 24, Студеничани – 16, Сарај – 15,  Илинден – 11, Арачиново – 10, Сопиште – 6, Петровец – 5, Чучер Сандево  и Зелениково со по два, шестлица се странци, а двајца се нераспределени.

Како што соопштија од Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести вчера предложила враќање на работа на хронично болните лица, освен за оние кои имаат извештај од специјалист за влошување во рамки на болеста.
– За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата, предвидува Предлог-одлуката што ќе биде доставена до Владата на разгледување.
Според ресорниот министер Венко Филипче, и покрај препораката хронично болните да се вратат на работа, најризичните категории и натаму остануваат заштитени.
-Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по кои се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе кои имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места. Во таа смисла е донесена одлуката да се даде препорака пациентите кои имаат дијагноза хронична болест и оние кои имаат малигни болести, практично се вратат на своите работни места. Не одат на работа само тие кај кои лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба што се вика егзацербација, односно влошување во рамки на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман. Притоа и е дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Тоа е препораката, оставаме на стручноста, експертизата на лекарите специјалисти да направат соодветна проценка, изјави вчера Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
И покрај постојаните апели да се почитуваат мерките и протоколите што ги донесе Владата за справување со КОВИД-19, постојано се регистрираат нови случаи за нивно прекршување. Последните податоци на Министерството за внатрешни работи за претходното деноноќие (6-7 септември) покажуваат дека на територијата на државата се регистрирани 408 прекршоци на мерката за неносење лична заштита на лице.
Next Post

Дваесет и девет години независност, одбележувањето под посебни услови

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk