ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Да покажеме максимална одговорност за безбедност на децата во градинките

Сите чинители кои се вклучени во синџирот за безбедност на децата во градинката треба да покажат максимална одговорност, почнувајќи од градинките, вработените во градинките, воспитувачите и  негувателите, персоналот, родители кои ги носат и земаат децата и ние како министерство, за што побезбеден престој за најмалите, рече министерката Шахпаска

September 9, 2020 11:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Утрово почнаа со работа установите за згрижување и воспитување на децата согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД – 19. Сите установи во земјава согласно протоколите  имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродром, каде надлежните ја информирале дека денот успешно започнал, децата дошле во градинка заедно со своите родители, а при влез биле запазени сите протоколи за заштита од КОВИД – 19.

-Сите чинители кои се вклучени во синџирот за безбедност на децата во градинката треба да покажат максимална одговорност, почнувајќи од градинките, вработените во градинките, воспитувачите и  негувателите, персоналот, родители кои ги носат и земаат децата и ние како министерство, за што побезбеден престој за најмалите, рече министерката Шахпаска.

Таа појасни дека протоколот што Комисијата за заразни болести го усвои многу јасно ги одредува обврските на сите. Протоколот, рече, предвидува посебен режим за прием на децата, исхрана, но регулира и  како ќе се одвива одморот, спиењето, играњето на децата во градинките…, а со негово почитување на минимум се сведуваат ризиците од инфекцијата. Во групите од 0 до две години треба да бидат сместени до шест деца, за кои ќе се грижат двајца вработени, а во поголемите групи од две до шест години, најмногу 15 деца за кои, исто така, се грижат двајца – воспитувач и негувател.

– Проценките на МТСП велат дека согласно протоколот во градинките има место за повеќе од 19.000 деца. Предност имаат деца на самохран родител или родители кои работат, а двајцата мора да се на работното место. Според податоците од градинките нешто повеќе од 14.000 деца се пријавени за посетување градинка, а има место за повеќе од 4.000 деца. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во згрижувањето на децата од претшколска возраст при најмал сомнеж за Ковид-19 кај детето да алармираат. Министерството за здравство донесе посебни протоколи и алгоритми со постапки според кои се постапува со децата кои се сомнителни на Ковид-19, рече Шахпаска.

Таа апелираше воспитувачките и учителките да седат цел ден во својата група, да нема групирање за пиење кафе, за да се заштитат сите од ширење на болеста.

Одговарајќи на новнарско прашање дали е вистина дека една градинка во Свети Николе не почнала со работа утрово поради сомевање за случај со КОВИД-19, таа рече дека нема таква информација, но, како што посочи, доколку градинката не била отворена од таа причина, тоа значи дека се почитуваат мерките и протоколите.

-На последниот состанок со директорите на градинкитешто го имавме во петокот сите покажаа подготвеност да почнат со работа. Ова е нов момент. Доколку се работи за сомневање за инфекција со КОВИД-19 тоа говори за одговорност зошто не била отворена таа градинка. Значи, ова е тоа за што говориме. И за еден сомнителен случај треба да направиме проценка дали би стартувале со работа, рече министерката за труд и социјална политика.

Во врска со времето на прием и заминување на децата од градинка, министерката Шахпаска истакна дека, тоа треба да го уредат директорите во кој временски период би се одвивале, дали еден од вработените кои се грижат за децат би дошол порано, друг подоцна, со цел да родителите да можат да ги донесат и земат децата, со запазување на протоколите за децата да бидат безбедни и да не биде загрозен работниот процес.

Директорката на градинката Елена Устамитова, рече дека утрово со почитување на мерките за заштита почнал прием на деца. На децата, родителите и вработените пред влез во градинката им се мери температура.

Оваа градинка има пет клона. Во сите пет објекти претходно се згрижувале 1.100 деца, но согласно протоколите сега има можност да се згрижат 560 деца.

Next Post

Oткриени 21 мигрант, од нив 10 малолетници, во возило во Куманово

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk