Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира, шест нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се седум пациенти, соопшти Министерството за здравство.
– Новозаболените веќе имале контакти со лица кои биле позитивни на вирусот, од нивни семејства, со пријатели или колеги. Заболените има и во приградски населби, но и од поширокото централно градско подрачје, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска, изврешни се 22 тестирања од кои 17 по „Мој Термин“ и пет тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, со Ковид дијагностицирани се 1.554, а во моментов активни се 230 случаи.







