ВМРО-ДПМНЕ, како што во понеделникот најави изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, денеска ги почнува најавените граѓански протести.
„На 9 септември, среда, ги повикувам граѓаните на протест. Протестот ќе започне во 18 часот. Појдовна точка ќе биде Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Имаме скапа струја, а сиромашен народ“, рече Мицкоски, истакнувајќи дека тоа е првата причина за која ќе протестираат.
Тој најави и дека протестот ќе биде прв во низата протести што ќе следуваат во следниот период, наведувајќи: „ Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија“.







