ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Демант на Комерцијална банка: Еклатантни невистини од страна на Љубчо Георгиевски за продажбата на поранешната зграда на банката

September 11, 2020 10:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Комерцијална банка АД Скопје најостро ги демантира изнесените невистини од страна на ВМРО Народна партија во врска со продажбата на поранешната деловна зграда на Банката, се вели во демантот од Комерцијална банка.

Оттаму посочуваат дека поранешната деловна зграда на Комерцијална банка АД Скопје е продадена во 2012 година на најтранспарентен начин и во строго регулирана законска постапка по распишан Јавен повик од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија со основен услов во Повикот нето вредноста на набавката да не биде повисока од 1.000 евра по метар квадратен.

„Понудата на Комерцијална банка за продажба на три деловни објекти во централното подрачје на Град Скопје со вкупна површина од 22.525 метри квадратни по вкупна цена од 21.736.625,00 евра, на Јавниот повик беше избрана за најповолна од страна на Владата.

Понудата вклучуваше: две административно-деловни објекти кои во тој момент беа во функција на Банката, административна зграда Македонија табак и административна зграда ЕМО АД Охрид. Просечната понудена нето цена изнесуваше 965 евра по метар квадратен. Во истиот период, според анализите на релевантни институции за истражување на пазарот на недвижности, цената на деловни објекти од иста категорија во центарот на Скопје изнесува над 2.000 евра по метар квадратен.“, се наведува во демантот.

Од Комерцијална банка посочуваат дека банката и овозможи на Владата купување на деловните објекти со одложено плаќање на 15 години, со грејс период од 5 години и фиксна каматна стапка од 3,75%, во период кога каматните стапки на пазарот се движеа над 8%. Досега е отплатен износ од 5.970.324,80 евра, а остатокот по истата динамика ќе се отплатува до крајот на 2027 година.

„Истакнуваме дека поранешната деловна зграда на Комерцијална банка АД Скопје е продадена пред осум години, а обврската за нејзино тековно и инвестициско одржување е на сегашниот сопственик.“, се вели во демантот од Комерцијална банка

Next Post

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара покачување на платите на нивото предвидено со закон

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk