ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Официјално претставенa францускaтa „Воздухопловна и вселенска армија“

September 11, 2020 20:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Флоранс Парли, министерката за вооружените сили на Франција денес го претстави новиот амблем на француското воено воздухопловство и за вселената во воздухопловната база Вилакубле, јави дописникот на МИА.

Воздухопловните сили, преименувани во „Воздухопловна и вселенска армија“, го претставија своето ново лого, симболичен чекор во постепеното распоредување на француската воена вселенска стратегија, во контекст на зголемената глобална конкуренција.

-Ваша задача е да го поддржите подемот на Франција во оваа нова димензија, во ова ново конфликтно поле, тоа е вселената, подвлече министерот за вооружени сили Флоранс Парли на воздухопловната база Вилакубле, близу Париз, при презентацијата на новиот амблем на авијатичарите: сè уште стилизиран јастреб, но кој сега прелетува преку кривата што ја евоцира копнената сфера.

-Задачата што ни е доверена нè обврзува: станува збор за гарантирање на слободата на пристап и дејствување во вселената, со подобро познавање на она што се случува таму и капацитет да одговориме на заканите што се појавуваат, изјави началникот на Генералштабот на военото воздухопловство, генералот Филип Лавињ.

Во 2019 година, Париз воспостави нова вселенска команда, одговорна за зајакнување на француските можности за вселенски надзор и инвестирање во офанзивни способности за да може да одговори во случај на закана. Неопходна реакција, во време кога вселената е „област каде што има се повеќе и повеќе актери, државни и приватни, како и зголемени закани“, објаснува шефот на Вселенската команда, Генералот Мишел Фридлинг.

-За десет години, пејзажот на вселената целосно се промени. Вкупниот износ на трошоците е двојно зголемен, од 36 на над 80 милијарди долари, а воените инвестиции отидоа од 17 на 30 милијарди во вселената, инсистира тој, потсетувајќи дека „бројот на земји кои лансираат сателити се зголеми од 30 на повеќе од 70 “. Покрај тоа, тој тврди, дека „денес гледаме предмети кои веќе не се предвидуваат, но кои сега се мобилни во вселената, кои ја менуваат орбиталната рамнина, височината и кои ги наоѓате на места каде што не ги очекувате претходно и кои се приближуваат до другите сателити на неколку десетици метри.

-Нашата стратегија е логика на обесхрабрување: станува збор дека ние остваруваме право на самоодбрана“, користејќи техники на пречки, па дури и „моќни ласери за неутрализирање или заслепување на непријателски сателит“, даде неколку детали генералот Фридлинг. Но, со почитување на „црвената линија: да не се создаваат долготрајни остатоци од сателити“.

Вкупно, Париз има намера да инвестира 4,3 милијарди евра во вселенската одбрана до 2025 година, кои и 3,6 милијарди евра за целосно обновување на капацитетите на француските сателити./МИА/

Next Post

Негувателка во битолска градинка позитивна на Ковид-19, во изолација 5 деца и 5 вработени

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk