ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

ГАК: Потребна е поголема информираност на жените за полицистичниот оваријален синдром

Овој синдром се јавува кај 10-15 проценти од општата женска популација, а во 50 проценти од тие случаи останува неоткриен и недијагностициран. Половина од жените со ПЦОС пред 40-годишна возраст развиваат шеќерна болест (дијабетес тип 2 или предијабетес), а кај сите жени со ПЦОС, ризикот за добивање ендометријален карцином се зголемува за трипати, во однос на здравата женска популација.

September 12, 2020 11:14
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребна е добра информираност на женската популација во однос на Полицистичниот оваријален синдром (ПЦОС), апелира Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) по повод одбележувањето на Септември, Меѓународниот месец за кревање на свесноста за синдромот на полицистични јајници.

ПЦОС, наведува ГАК, е комплексно сериозно репродуктивно, генетско, хормонално и метаболно заболување што се јавува кај девојчиња и жени, а воедно и водечка причина за женска неплодност и причинител за други заболувања, како што се дијабетес тип 2, обезитет, кардиоваскуларни заболувања, анксиозност, депресија и ендометријален карцином.

Според Клиниката, жените треба да бидат едуцирани за овој проблем, да знаат дека постојат специјалисти кои работат на оваа проблематика за навремено откривање и можност за лекување и избегнување други придружни заболувања, со максимална поддршка за подобрување на квалитетот на репродуктивниот и животот севкупно.

-Овој синдром се јавува кај 10-15 проценти од општата женска популација, а во 50 проценти од тие случаи останува неоткриен и недијагностициран. Половина од жените со ПЦОС пред 40-годишна возраст развиваат шеќерна болест (дијабетес тип 2 или предијабетес), а кај сите жени со ПЦОС, ризикот за добивање ендометријален карцином се зголемува за трипати, во однос на здравата женска популација. Основите на ова заболување се јавуваат уште во детската возраст преку зголемната телесна тежина и лошите хигиено-диететски навики, наведуваат од ГАК.

Симптомите на ПЦОС се: нередовни, ретки или отсутни менструации, овулаторна дисфункција-ановулација, инфертилитет (неполодност), ултразвучно детектирани полицистични јајници, пелвична болка, хирзутизам, губење коса, инсулинска резистенција, зголемена телесна тежина, главоболка, анксиозност, депресија и проблеми со спиењето.

-Дијагностицирањето и третманот на ПЦОС е полно со предизвици кои се дефинираат според специфични критериуми и мултидисцилинарен пристап (гинеколог, ендокринолог, педијатар, дерматолог, психолог/психијатар и други специјалности). На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство работи тим од гинеколози, кои на одделот за инфертилитет и асистирана репродукција и на одделот за репродуктивна ендокринологија со детска и адолесцентна ендокринологија, дијагностицираат и третираат пациентки со ПЦОС од најмлада возраст. Искуството на тимот во специјалноста на инфертилитетот и репродуктивната ендокринологија е со најсовремени сознанија во однос на откривањето и лекувањето, како на примарните, така и на секундарните заболувања, истакнуваат од Клиниката.

Жените со овој вид проблеми треба да се јават кај своите матични гинеколози кои понатаму ги упатуваат до тимот специјалисти гинеколози-акушери на ГАК: проф. д-р Глигор Тофоски, асс. д-р Даниела Иванова-Панова, доц. д-р Анета Сима, асс. д-р Искра Крстевска-Дукова, асс. д-р Роса Спасова, асс. д-р Димитар Калчовски, преку националниот електронски систем МојТермин за натамошни иследувања и анализи./МИА/

Next Post

Курц кажа „Не“ за мигрантите од запалениот камп Мориа на Лезбос (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk